10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

Долгите љубовни врски можат да станат рутински и по малку досадни, а партнерите не смеат да си дозволат тоа да им се случи, доколку сакаат нивната љубов да трае. Што ја одржува една врска да биде свежа после неколку години? – Добриот сексуален живот и слатките секси работи кои нема да ви го одземаат времето, а ќе ја „зачинат“ вашата врска.

Навидум мали и неважни секси постапки можат значително да ви ја подигнат самодовербата, да ги разгорат искрите во кревет, да внесат авантуристички дух во вашата врска, да ја зголемат емоционалната поврзаност со партнерот и да ви го направат секој ден возбудлив и вреден за живеење.

1. Флертувајте безопасно

Доколку забележите убаво/а момче/девојка додека го пиете попладневното кафе во некој бар, не плашете се шармантно да му/ѝ се насмевнете, само затоа што сте во сериозна врска и мислите дека тоа би било погрешно. Напротив, доколку сте во искрена и стабилна врска, краткиот, спонтан и безопасен флерт ќе ви ја подигне вашата самодоверба, ќе ви ја зголеми сексуалноста, а потоа тие искри ќе ги пренесете во креветот на вашиот партнер.
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

2. Спијте голи

Понекогаш, на секој од нас навистина ни е потребно да си го посветиме денот на себеси. Запалете свеќи во вашата бања, почестете се со долго капење во топла пенлива када. Потоа, тргнете ги пижамите настрана и не дозволувајте ништо да застане помеѓу вас и вашиот чаршав. Допирот на вашата кожа со памучниот или уште подобро со сатенскиот чаршав, ќе направи да бидете подобро запознаени со вашето тело и сексуалност.
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

3. Изберете ја долната облека на вашиот партнер

Девојката може да му понуди на своето момче да ги избере нејзиниот градник и гаќички во кои таа му изгледа најсекси. Потоа, таа може да му предложи на момчето да облече тесни и кратки боксерици. За да биде уште повозбудливо, изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе му купите нова „жешка“ долна облека без тој да знае.
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

4. Направете заеднички секси фотки

Позирајте со вашиот партнер и фотографирајте ги тие секси моменти кои ќе ви бидат визуелен потсетник на вашата сензуалност. Покријте ги интимните делови со неговите боксерици или соблечете се целосно како од мајка родени. Изборот е ваш!
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

5. Напишете ваша лична еротска приказна

Со веб-сајтот hoochymail.com, на вашиот партнер можете да му испратите секси приказна во која вие двајца ќе бидете во главните улоги. Сé што треба да направите е да ги пополните омилените работи на вашиот партнер, како и најубавиот дел од неговото тело и еротичната приказна ќе се напише сама. Сето тоа е бесплатно, а мејлот ќе стигне до двајцата. Звучи примамливо нели?
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

6. Потрошете повеќе време на предиграта

Водете љубов како тинејџери. Бакнувајте се страсно и долго и дозволете му на партнерот полека да ве соблекува. Обидете се да го одложувате нагонот што е можно подолго бидејќи предиграта ќе го направи вашиот секс поенергичен, а на крајот и двајцата ќе бидете задоволни.
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

7. Споделете сексуална фантазија и пробајте нова секс поза

Споделете некаква сексуална фантазија со вашиот партнер и во детали објаснете му што ќе се случи ако се оствари. Потоа експериментирајте со пробувањето нови секс пози, кои ќе ви помогнат да откриете во која максимално уживате. Отворањето кон вашиот партнер ќе ја зајакне вашата интимност и ќе ја подобри меѓусебната доверба.10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

8. Нацртајте ги ерогените зони на партнерот

Нацртајте две човечки фигури на хартија кои ве претставуваат вас и вашиот партнер. Без да гледате во цртежот на вашиот партнер, обележете ги деловите од телото кои мислите дека вашиот партнер сака да му ги допирате. На крајот заменете ги цртежите.10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

9. Имајте секс на необични места

Сексот во спалната може да стане монотон и да наликува на секој претходен. Затоа, променете ја просторијата. Правењето на „таа работа“ во другите соби од вашиот дом каде што готвите, перете или ги пресметувате сметките, ќе направи да се чувствувате „валкано“.
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

10. Разбудете го животното во вас

Многу жени велат дека ги „пали“ мирисот на машкото тело, особено делот околу вратот. Во тој контекст, носењето на неговата маица или капењето со неговиот гел за туширање додека е тој на пат, може да направи да се чувствувате поблиску до него и да ви биде попривлечен. За да не се чувствува тој осамен додека е далеку од дома, подарете му еден пар гаќички. Верувајте дека едвај ќе чека да ви се фрли во прегратки.
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. .. Reply

    ova e prezemeno od nekade ili vie go napisavte?

    • Кафе пауза Reply

      Се служиме со повеќе извори при пишување на содржините и се обидуваме да ги локализираме колку што е возможно, но ништо не преземаме како такво.

Остави коментар