Од 1 до 101

Автор: Високо Ц

Веќе подолго време се прашувам, која е поентата на правење листи и „To Do“ списоци? Некаде прочитав дека повеќе од половината американски граѓани не можат да функционираат без нив.

Разбирам ако, поради некој психолошки фактор, сте добиле задача да составите список на желби и соништа кои сакате да ви се исполнат, кои подоцна некој академик, фројдовски ќе се обиде да го спореди со вашите спомени, што пак ќе му овозможи да ги пронајде вашите стравови и така да ви помогне (доколку воопшто имате проблем). Ама да составите листа и потоа да се „убиете“ од правење сѐ што е во ваша моќ да го исполните зацртаното…

(1) Од 1 до 101

Ок ајде, можеби и има смисла. Моќта на потсвеста. Зборував за тоа. Ама сепак.

  • „…8. До наполнети 10 години мора да имам велосипед…
  • …13. До наполнети 16 години мора да имам девојка/дечко…
  • …22. До наполнети 25 години мора да имам скокано со падобран…
  • …35. До наполнети 30 години мора да имам 2 деца (по можност момче и девојче)…“

Што е многу, многу е!

Што ако до наполнети 10 добиете и велосипед и тротинет? Ќе го фрлите едниот? А што ако до 25 години станете пилот? Што ако додека наполните 30, добиете 3-4 дечиња или не добиете ниту едно? Што ако наместо адвокат, станете судија? Што ако наместо актер, станете режисер или писател?

Се прашувам што би имало во листата на еден Французин на пример.
.

„..16. Утре мора да изедам два кроасани и да испијам една чаша вино…“

А кај Италијанец?
.

„…1. До недела мора да „запознам“ (чекај да видам: три на ден, седум дена во неделата = …) 21 девојка/жена…“

Кај Русин…
.

„…од 1 до 101. Вотка!?…“

Кај Јапонец…
.

„…од 1 до 1001. Работа, роботи, работа, роботи…“

Знаете дека се зезам нели? Не сакам никого да навредам. Ниту да осудам. Немам право на тоа. Секој на свој начин го живее животот.

Но, нели сето тоа е малку заморно? Нели е малку напорно? Нели одзема време? Scrapbook со вашите свадбени желби, однапред испланирано време за кога ќе отидете во пензија, кога ќе одите во пензија…

Зошто ги броите деновите? Зошто беспотребно губите време кога токму тоа време можете да го искористите за исполнување на вашите желби? Зошто да чекате?

Carpe diem my friends!!!

Не правете планови до 101 и назад. Направете план од денес за вечер или најдоцна за утре. Не треба да се плашите да нишаните високо, ниту треба да ве плаши старата „Кој високо лета, ниско паѓа.“ Битно е после тоа да станете, да го истресете коленото, да ги измиете дланките и да почнете одново.  И одново и одново, ако треба. Сѐ додека не одлучите дали ќе се борите за да победите, или ќе се откажете. Ама одлуката треба да биде ваша.

Затоа мои драги, одлучете да не одлучувате предвреме. Тоа е веројатно еден од начините да не се разочарате. Не велам да не сонувате, не велам да не се надевате. Велам, не се ограничувајте.

Ако нешто ве прави среќни, уживајте. Ако нешто ви пречи, сменете го.

На мојата „To Do“ листа, следно е кафе со ореви и добар филм за релаксација.

Утре… утре е сосема нов ден. И ново изненадување!

Едно е сигурно. Ќе изобилува со љубов!

Високо Ц

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Теодора Reply

    Ова кафево со ореви ти е супер :) Не дека е од мене :)))

  2. Високо Ц Reply

    Кафето со ореви е одлично! Ти благодариме што го сподели! :)

  3. Hanna Reply

    Ne se slozuvam so tebe.
    Samo delumno da, zasto ne e zabavno da zivees programirano 100% Spontanosta e ok, osvezuva, vozbuduva…
    No, eve nekolku argumenti za “to do” listite:
    -sekoja pogolema avantura MORAS da ja planiras predvreme za da gi obezbedis site resursi, pari, drustvo, info, lokalni luge da te vovedat vo tamosnata kultura itn…primer naredna godina – patuvanje vo Kina, poseta na drugi kontinenti, dzungli, pustini itn..a i dodeka planiras e totalno zabavno…
    -zivotot e premnogu kratok, ne vikaj nekad vo zivotot, ne dremi, heheheh…tuku postavi rokovi…, vakvi listi mozat da te pottiknat bas denes da pocnes da ucis piano, ili islandski jazik, ili kung fu…utre namesto nekad. t.e. nikad
    -koga veke opstestvoto nametnuva vakov brz zivot, sakal nekel, MORAS da planiras zasto tvoite prijateli i onaka se prezafateni i ziveat na ovojnacin, pa mora da se vklopis… i mora navreme da reagiras za mesto vo necija agenda

    Ova e moe iskustvo, moj stav…mojata realnost e agendata, to do listi, i ne se zalam, se funkcionira OK…ama ako ne se slozuvate so mene – OK, za razlika od avtorov na statijata mojot stav:sekoj ima pravo da izbere kako da zivee
    Pozdrav :)

  4. Високо Ц Reply

    Драга Hanna!

    Најпрвин да ти се заблагодарам на коментарот. Мило ми е што моите зборови ги провоцираат луѓето и ги поттикнуваат на дискусии. :)

    Сепак, ако погледнеш во колумната, ќе видиш дека велам
    „…Не сакам никого да навредам. Ниту да осудам… Секој на свој начин го живее животот…“

    И секако дека си во право. To do Листите можат да бидат од корист за планирање авантури како што велиш, или кога треба да се вклопиш во нечија агенда. И јас ги користам за тоа. И да, забавни се.

    Ама To do Листа која влијае на животот во насока на ограничување на сопствените можности или сузбивање на потенцијалот кој го имаме, не благодарам. Познавам многу кои го направиле или сеуште го прават тоа. Имав и јас такви моменти. Во еден период од животот, се задоволуваш со минимумот кој ти се нуди веројатно гледајќи сигурност во тој момент, а потоа го живееш животот каејќи се што не си посегнал повисоко. Пропуштени шанси, пропуштени подобри работни места, пропуштена љубов… Мој совет: Ризикувајте!

    Или едноставно „…одлучете да не одлучувате предвреме… не се ограничувајте…“

    Со почит! 😉

  5. Василески Reply

    Јас цел живот сум на To-Do листи, ама само за обврски шо морам да ги напрам. Воглавно училиште, работи низ дома и сл..

    То не е лошо, лошо е да се ограничуваш со животните сонови, итака тие се многу динамични и променливи :)

  6. Vladimir Reply

    Не се согласувам со тебе, Високо Ц. Не е поентата да имаме однапред испрограмиран живот.

    Идејата на правење Тo-Do листи е да станеме goal-minded, односно да си поставиме цели во животот кон кои треба да се стремиме. Целите се поставуваат со одреден временски рок, потоа во зависност од него, се распоредуваат на месечни цели, потоа на неделни и дневни цели. Дневните цели треба да се темел кон исполнување на неделните цели, кои пак треба да се темел на месечните цели. Многу полесно се стигнува до целта кога имаме зацртана траекторија. Ова што го кажувам е превртената пирамида на целите:
    http://decker.typepad.com/welcome/images/pyramid.jpg и е основата на Personal Time Management

    Сите луѓе на светот се еднакви само по една работа: имаат 24 часа на располагање дневно. Нивна работа е како ќе ги инвестираат.

  7. Rockman Reply

    Утре е дури утре, пријатеу мој – Игор Џамбазов :)

  8. aloe black Reply

    dada

Остави коментар