Мало потсетување: Грешките ве прават човек!

Вие сте несовршени. Без разлика колку оваа реченица прави лошо да се чувствувате, таа исто така е и ослободувачка бидејќи во овој живот вие ќе се соочите со хаос, болка, неуспех и кршење – и ниту една од овие карактеристики нема да станат дел од вашиот идентитет!

Мало потсетување: Грешките ве прават човек!

Никој не очекува од вас да бидете безгрешни, бидејќи тоа никогаш нема да се случи. И тоа може да биде страшно, може да ве натера да се вратите чекор наназад за да бидете што е можно поблиску до совршеноста што сте ја замислиле. Но, вистината е дека не треба да „трчате“ по овие нереални стандарди. Вие не треба постојано да се разочарувате со нешто што не е достижно во реалноста.

Вие не треба да се мразите секој пат кога ќе паднете или пак, да мислите дека не сте успеале затоа што не сте доволно добри. Вистината е дека грешките се неизбежни. Вие можете да направите сè што е во ваша моќ да се задржите на замислената линија, да ги кажете вистинските зборови, да го следите правилниот пат. Вие можете да се обидете да бидете сè на сите, да бидете „најдобри“, да успеете во сè што ќе допрете. Но, на крајот на денот, секогаш ќе бидете барем малку поназад од тоа што сте го замислиле.

Сепак, несовршеноста не е збор што ве објаснува. Правењето грешки не значи дека сте патетични. Само затоа што сте заборавиле нешто или не сте го направиле правилно, не значи дека одеднаш сте помалку квалификувани, помалку подготвени или помалку способни да го преземете предизвикот повторно. Сите одвреме-навреме паѓаат, не заборавајте го тоа.

Грешките се предизвици, дупки во патот што треба да се надминат. Грешките се места каде што можете одново да се процените, па дури и да почнете од почеток. Грешките се мостови што ви помагаат да преминете на другата страна – тие се точки што ве држат на правилниот пат, ве мотивираат и ве учат важни лекции за себе. Тие се начини на кои можете да растете, да се менувате и да станете посилна верзија од себеси. Грешките не се етикети што треба да ги залепите на вашето чело, тие се маркери на моменти во времето што треба да се надминат.

Грешките ве прават човек, а да се биде човек е прекрасно. Ние често гледаме на нив како неуспех и се полниме со фрустрација. Мислиме дека затоа што сме ги изневериле другите, како и себеси, ние не сме способни да продолжиме напред. Мислиме дека сме слаби. Но не се грешките оние што нè прават слаби, туку нашата перцепција за нив. Ако ја оценуваме нашата човечност како ранливост, тогаш никогаш не би можеле да ја добиеме потребната сила да продолжиме понатаму, да си простиме и да се вратиме на вистинскиот пат.

Грешките не се еднакви на ранливост. Затоа треба да се борите! Борете се против оваа перспектива, против целата омраза кон себе, против сите сомнежи во вашиот ум. Зборувајте кон себе со љубов и простување. Вие сте човек, како и сите други околу вас. Неуспехот е дел од животот и е сосема природен пат од развојот.

Мора да разберете дека сè е во ред со вас. Животот ќе ве изложи на многу предизвици, но правењето грешки не значи дека нема да можете да се справите со бурата. Не постои начин да избегнете да бидете несовршени, но ако запомните дека несовршеноста е прекрасна и сосема нормална, тогаш животот ќе ви биде многу полесен…

Прочитајте ги и овие 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар