4 разлики помеѓу привремената тага и депресијата

Привремената тага ја имаат искусено сите, без разлика која е причината за тоа. Но, важно е да ги знаете знаците кои укажуваат на тоа дека тагата полека се претвора во депресија. Разликата помеѓу привремената тага и депресијата се суптилни, па важно е да знаете кога едното се претворило во другото. Повеќето луѓе со депресија се соочени со неразбирање за тоа како нивната состојба се разликува од лошото расположение, а ова ги спречува да го добијат третманот кој им е потребен.

4 разлики помеѓу привремената тага и депресијата

1. Постојат многу сличности

Дел од проблемот што го комплицира разликувањето на тагата од депресијата е тоа што симптомите се речиси исти.

„Експертите за ментално здравје долго време дебатираат за тоа како да се разликуваат привремената тага и клиничката депресија. Многу луѓе сметаат дека дефиницијата за депресијата како нарушување е премногу широка и ќе ги вклучи и нормалните тага и очај“, изјавил советникот Бренан К. Малони.

Тој смета дека потребно е долго време за да се потврди дека дијагнозата за депресија е валидна и дека не може да се објасни со вообичаеното лошо расположение.

2. Важно е времето

Експертите се согласуваат дека најголемата разлика помеѓу тагата и депресијата е времето.

„Најголемата разлика е временскиот период во кој пациентот ги искусувал симптомите“, изјавила советничката Рене Марлер.

Според неа, сè што трае подолго од 2 недели, потребно е да се пријави кај професионалец.

„Секоја личност која чувствува тага и лошо расположение, заедно со промени во мислите кои имаат влијание на секојдневниот живот и кои траат подолго од 2 недели, потребно е да побара професионална помош.“

Секој од нас се чувствувал лошо барем еднаш во животот, но кога ова чувство трае подолго од половина месец, тоа е загрижувачко.

3. Симптомите на депресија се обемни и интензивни

Симптомите кои укажуваат на депресија се обемни и интензивни. Повеќето од нив се појавуваат и не покажуваат знак на подобрување.

„Луѓето често знаат за заморот, чувството на тага и плачењето, бидејќи депресијата на телевизијата е претставена на овој начин“, изјавил советникот Јен Шерменторн. „Но другите, помалку познати симптоми вклучуваат отежнато донесување одлуки, премногу или премалку спиење, чувство на безнадежност и обвинување. Често клиентите ја опишуваат депресијата како вкочанетост.“

Друг важен фактор е интензитетот на симптомите. Ако не можете да си замислите дека некогаш ќе ви биде подобро или ако имате суицидни мисли, тоа е знак дека можеби се развива депресија. Луѓето со привремена тага може да уживаат во работите кои ги сакаат и знаат дека ќе им биде подобро. Луѓето со депресија, од друга страна, ретко чувствуваат олеснување.

4. Тагата e честа, но истото важи и за депресијата

Ако ви е страв да признаете дека имате ментален проблем и тоа ве спречува да побарате професионална помош, не правете го тоа.

„За многу луѓе депресијата е искажување на болка и траума наместо мислата дека нешто не е во ред со нив. Периодот на депресија не значи дека сте ментално болни. Според истражувањата, само во Америка 16,2 милиони возрасни имале депресивна епизода, а ова значи дека таа не е ретка појава“, изјавил Малони.

Депресијата може да се појави кај секого, а грижите дека нешто не е во ред со вас не треба да ве спречат да побарате помош. Без разлика што ви се случува, ако се чувствувате лошо, подобро е да побарате професионална помош.

Дознајте ја и разликата помеѓу стрес и депресија.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар