10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.

Прочитајте ги неговите 10-те најинтелигентни совети за животот, кои вечно ќе ги стимулираат луѓето ширум светот.

10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

„Јас немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен.“

Луѓето не се раѓаат талентирани. Љубопитноста е она што постојано не бутка напорно да работиме во некоја насока во животот. Тоа значи дека следењето на љубопитноста е тајната на човековиот успех.

„Не е дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите.“

Со упорност желката успеала да го победи зајакот. Дали сте доволно трпеливи и истрајни по патот кој ќе ве одведе до посакуваната дестинација? Се вели дека целата вредност на поштенската марка се состои во нејзината способност да остане залепена на нешто, додека тоа нешто не пристигне на вистинското место. Бидете како поштенската марка, завршете го патувањето кое сте го започнале.

„Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое тој го заслужува.“

Секој кој пробал да седи на две столчиња, завршил на подот. Секој може да постигне многу, но не сè. Научете да бидете присутни онаму каде што сте во моментот. Дадете сè од себе за да го направите како што треба, она што во моментот ве окупира. Фокусираната енергија е моќ, а моќта е таа која го определува вашиот успех или неуспех.

10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

„Имагинацијата е сè. Таа е преглед на она што следи во животот. Имагинацијата е многу поважна од знаењето.“

Дали секојдневно ја користите вашата имагинација? Ајнштајн рекол дека таа е многу побитна од знаењето. Вашата имагинација е генералната проба на настаните кои ќе ви се случат во иднина. Ајнштајн сакал да каже дека вистинската мерка за интелигенцијата не е знаењето, туку степенот на имагинација што го има една личност и треба постојано да работите на нејзино разработување.

„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“

Ако вашето срце ви вели дека треба некако да постапите, тогаш немате причина зошто да стравувате дека тоа ќе биде погрешен чекор. Грешките не се неуспех. Тие можат да ве направат подобра, попаметна и поенергична личност ако успеете да ги прифатите како нови искуства, кои се дел од животот.

„Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“

Единствениот начин правилно да ја адресирате вашата иднина, е да бидете што е можно поприсутни во сегашноста. Не можете во моментов да го промените минатото ниту иднината, па затоа е од голема важност целосно да се посветите на она што се случува сега. Сегашноста е единственото време кое е важно и единственото време кое е реално.

10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

„Не стремете се кон успех, туку кон вредност.“

Не трошете си го времето обидувајќи се да станете успешни. Трудете се да создадете вредност. Ако доволно вредите, ќе го привлечете успехот кон вас. Откријте ги талентите и дарбите кои ги поседувате и искористете ги на начин, кој ќе им биде од голема корист на другите луѓе. Ако сте доволно вредни, успехот сам ќе ве пронајде.

„Лудило: постојано повторување на истиот обид и очекување различни резултати.“

Не можете постојано да правите една иста работа и да очекувате таа да роди различен резултат. Ако сакате да промените нешто во вашиот живот, морате и себеси да се промените, односно да го промените начинот на кој размислувате и постапувате.

10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“

Знаењето произлегува од искуството. Можете да умеете да дискутирате на некоја тема, зашто имате познавање за истата, но таа дискусија ќе ви овозможи само филозофски да ја сфатите проблематиката, а за вистински да знаете за што говорите, морате да зборите од искуството. Која е лекцијата која Ајнштајн сакал да ја пренесе? Стекнете искуство! Не трошете го залудно вашето време затскривајќи се зад разни шпекулации. Излезете и направете го тоа што сакате да го направите и ќе се стекнете со бесценето знаење.

„Прво морате да ги научите правилата на играта. Потоа треба да играте подобро од сите.“

Постојат две нешта кои треба да ги направите за да бидете успешни и задоволни од себе. Прво, научете ги правилата на играта која ја играте. Не звучи како многу возбудлива работа, но е витална за вашиот успех. Второ, морате да се посветите на играта подобро од сите други. Ако ги направите овие две работи, успехот е ваш.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Snezana Reply

    nade bravo ti si zakon sekoj pred nekoja odluka trebada izbroi do 10 i da gi procita lekciite na AJNSTAJN

  2. Gorgitodoroski@yahoo.com Reply

    1.Moeto razmisluvanje e poinakvo od Golemiot Ajnstajn vo iskazot deka i dava prednost na ljubopitnosta pred talentot, darbata , predispozicijata., za da se bide uspesen.Moze da se bide beskonecno lubopiten ,no ako za ona za sto si ljubopiten ne poseduvas od boga daden dar mzes da bides uspesen no ne i na vrvot na piramidata ili vo centarot na krugot tuku malku podolu ili podaleku a toa ne e ona vistinskoto.Ljubopitnosta e samo moznost darbata,talentot so golem angazman da go vozdignat covekot.
    2.Zadrzuvanjeto na problemite, vo sodejstvo lubopitnosta i talentot se preduslovi za uspeh.

    3.Tretata lekcija ja podrzuvam vo celost.
    4.Znaenjeto e bitno i nadopolneto so imaginacijata se javuva novt kvalitet .Vazno e povrzuvanje na poricinite i posledicite kako odnosi i relacii.Prvo treba da se znae za da moze da se predviduvaat novite situacii, nastani, relacii, odnosi…
    5.Pravenjeto greski e normalna rabota .

    6.Segasnosta i slucuvanjata tuka i sega se uslov za pretpostavki vo idnina.(predviduvanje,procenuvanje, i potvrduvanje.
    7.Stremenjeto kon vrednost samo po sebe ke doprinese za uspeh ako se ispolneti drugite pretposravki .Uspehot nee pozelno samo po sebe da pretstavuva cel tuku vrednosta- kako sto veli golemiot Ajnstajn.
    8. Nemam komentar.
    9.Informacijata e znaenje.No znaenjeto treba da se povrzuva.Ako ostane kako gola informacoja e nistavna .Togas ne se navleguva vo sustinata, vo dlabocinata tuku se pliva po povrsinata.I tuka e bitno znaqenjeto da se proveruva vo praktikata zatoa sto samo iskustvoto i praktikata moze da go potvrdat teoretiziranjeto ili povrsnosta na manifestnata strana informacijata ili ajde da kazeme znaenjeto.
    10. Nemam komentar.

    Vo sekoj slucaj stavovite na Ajnstajn se negovi .Ziveel vo drugo vreme, drugi okolnosti no ne se dogma
    .
    I komentarov na negovite stavovi veruvam deka e nadminat i sigurno deka ima novi sfakanja i stavov poinakvi od i od moive koi gi smetam za normalni.Naukata i soznanijata se menlivi i beskonecni.

  3. Даниела Reply

    Одлично. Особено ми се допаѓа претпоследната лекција, но не можам да сфатам, значи ако сакаме нешто да направиме треба да го направиме без оглед на можните последици?
    Баш сум во слична ситуација, затоа дајте некој совет.
    Се согласувам дека грешките се искуство, но некои “искуства” те следат цел живот и тоа во негативна смисла.
    Поздрав.

  4. nikola Reply

    Daniele,toa prvoto sto go komentiras za posledicite ednostavno jas go narekuvam INAET. A za sovet vo vrska so losite iskustva sto ne sledat toa e od se po malku.MARFIEVITE ZAKONI ,KARMA, ……Ima mnogu za toa da se zboruva.NO,veruvaj mora da prestanat losite iskustva samo prasanje e koga a uste povazno kako

  5. nikola Reply

    TOA STO GO REKOL AJNSTAJN E VO RED NO VEROJATNO VO NASE VREME BI PRETRPELO MODIFIKACIJA.BAREM MALA.INAKU SEKOJA CEST.

  6. kate Reply

    negovite lekcii se neshto kako i vselenata…postojat/i odsekogash za sekogash:))

    • Ani Reply

      Tocno Kate, bas me isprovocira so konetarot, odsekogas i zasekogas, no samo koj ke go razbere.

  7. Ani Reply

    Gorgi, bas vi go citam tolkuvanjeto i si velam mora da ste pravnik po struka?
    Ako imas talent ama ne si ljubobiten kako talentot ke ti dojde na povrsinata???
    Informacijata ako pocne da se povrzuva kako sto velis t.e. da se razmisluva za nea e veke iskustvo.
    Ako se zadrzuvas na problemot toa znaci deka sakas da go resis, voedno i na problemot i na sebe mu davas pogolemo znacenje.
    7-cata nemozam da ja razberam , a bas b sakala da go procitam tvoeto mislenje.
    Pozdrav

  8. ЗЕНГИН Reply

    Од сите истакнати животни лекции на големиот Алберт Ајнштајн,спроред мене акцентот би го ставил на онаа негова лекција која гласи: Не е дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите.“
    Од личен аспект,сметам дека еден проблем нема само едно-единствено решение,туку во комбинација се повеќе варијанти односно решенија….Метата се состои во тоа да се изнајде најадекватното и најкомпатибилното решение на проблемот…..И во секојдневието е така-Доколку на една работа и посветиме поголемо внимание и ангажираност,самата ствар би ги дала најдобрите резултати…Со самото работење на проблемот,од ден на ден ни се отварааат нови и нови и нови варијанти (решенија) на привремениот проблем.Го нареков Привремен,затоа што ако го применеме размислувањето на Ајнштајн ,тој проблем набрзо ќе стане минато…и на него ќе се сеќаваме со насмевка !!!

  9. Столе Reply

    Сум видел луѓе без трошка талент, а постигнале многу, само заради тоа што “се задржале на проблемот” и “што биле љубопитни”. И во контекст на ова најголемата мисла на А.А.
    “Само Универзумот и човековата глупавост се бесконечни, но за Универзумот не сум сигурен”.

  10. Viktorija Reply

    „Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“

    „Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое тој го заслужува.“

    „Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“

    TOA E TOA !!!

  11. Stranger Reply

    This article gave me cancer. Има некои fail мисли, меѓутоа “објаснувањата” се очајни.

Остави коментар