Дали го носите патецот на правилната страна?

Дали го носите патецот на правилната страна?

Ако никако не можете да излезете на крај со вашата коса, решението можеби не е во потстрижувањето и новата фризура, туку во промена на начинот на кој го носите патецот. Според типот на вашата коса, одредете кој е најдобриот избор за вас.

dali-go-nosite-patecot-na-pravilnata-strana-kafepauza.mk

Тенка коса

Најголемата грешка која можете да ја направите ако имате тенка и безживотна коса е да го чешлате патецот по средината на главата. Вам ви треба патец настрана кој ќе ви помогне да ја одлепите малку косата од темето и да ѝ дадете малку волумен.

Ако имате брановидна коса

Девојките со благо виткана коса секогаш изгледаат гламурозно, но најдобро им стои патец на средина. Ако имате малку поголем нос, сепак поместете го патецот малку настрана.

Виткана коса

Витканата коса најдобро изгледа кога е дива и кога нема премногу средства на неа, па така најатрактивно ќе изгледате доколку само ја пуштите да паѓа „како таа сака“.

Диви прамени

Многу жени околу челото имаат вртлози кои претставуваат диви прамени кои не можат да се скротат. Затоа најдобро е да носите патец настрана и тоа во онаа насока во која вртлогот природно се движи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар