10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

Иако постојано го користиме мозокот, сепак не секогаш правиме доволно за да го одржиме во добра форма. Еве 10 алатки со кои можете да го тренирате вашиот мозок и да правите редовни вежби за вашите ментални мускули:10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

1. Судоку

Сигурно сите ја знаете оваа заразна забавна игра во која целта е да ја пополните мрежата од бројки во даден број полиња. Ако никогаш не сте играле Судоку, погледнете ги инструкциите. За да го правите ова редовно и да си ги подобрите своите вештини за решавање проблеми, имате многу начини. Можете да играте онлајн, на вашиот ајфон, ајпод или ајпед, на Фејсбук или на вашиот мобилен телефон со Андроид оперативен систем или накратко, на секоја можна платформа.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

2. Wikipedia:Random

Wikipedia:Random е едноставен начин на случајно наидување на некоја статија од Википедија. Можете да ја користите оваа алатка за да научите по нешто ново секој ден. Со помош на Qwiki, кој претставува мини-Википедија која чита е уште една добра стартна точка. Учењето по нешто ново секој ден може да го одржи вашиот мозок во добра здравствена состојба. Затоа, воведете нова навика за почнување на вашите утра – додека го пиете првото кафе, читајте случајни статии, збогатете го вашето знаење и подобрете ја состојбата на вашиот ум..10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

3. Вежбајте математика секој ден

Веројатно некои од вас ќе сакаат да ја скокнат оваа точка бидејќи зборот математика ги потсетува на долгите часови и тешките тестови кои не пратат во текот на целото основно и средно образование. Сепак, нема потреба од тешки равенки, лимеси и сложени геометриски фигури. Доволно е да нафрлате случајни броеви на еден лист хартија и да си зададете задача да извршите по неколку основни операции меѓу нив, за што е можно пократко време. Овој генератор на играта Mad Math Minute ќе ви понуди автоматски варијанти, додека можете да користите и верзии за печатење. Како и да е, 1 минута вежбање проста математика секој ден, помага за одржување на мозокот во форма и секако, ќе ве направи помалку зависни од калкулаторот.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

4. Почесто пишувајте наместо да типкате на тастатура

Сите сакаме да си ги користиме тастатурите и факт е дека многу побрзо и поефективно можеме да ставиме куп зборови на електронски лист отколку на хартија, чкрабајќи со пенкало или молив. Сепак, подобро се учи кога се пишува со рака, така што подобро тргнете се од лаптопот кога сакате да стекнете ново знаење. Ова се случува поради системот за филтрирање во вашиот мозок кој го процесира она на што сте активно фокусирани во моментот. Кога фаќате забелешки, системот му вели на мозокот дека е време да обрне внимание.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

5. Глумете дека предавате

Можете да си ги зацврстите вештините кои веќе ги имате, со малку глума. Наместо само да се потсетувате на чекорите кои треба да ги направите за да ја завршите започнатата задача, преправајте се дека си држите предавање (на самите себе) низ кое планирате како ќе го направите тоа. Ова ќе ви помогне да се сетите на неопходните информации и да ги избегнете глупавите грешки.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

6. Раскажувајте си приказни

Раскажувањето приказни може да биде добра вежба за вашиот мозок. Прво, работите полесно се помнат бидејќи она што треба да се запомни, „присилно“ се става во поинаква рамка. Второ, ви дава шанса да се фокусирате на важните детали и да поврзете некое чувство со она што сакате да го запомните. Дури и ако не го правите ова за да си помогнете да ги запомните деталите, сепак ќе си ја подобрите меморијата со самото тоа што раскажувате приказни. Раскажувањето приказни се користи за третирање на Алцхајмерова болест. Доколку раскажувањето приказни може да му помогне на пациент со оваа болест да си го подобри помнењето, сигурно може да ви помогне и вам.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

7. Lumosity

Lumosity е веб-апликација која овозможува низа специјализирани активности за тренинг на мозокот. Можете да го користите бесплатно, но со платена корисничка сметка ќе добиете многу повеќе опции. Сите вежби се многу едноставни и забавни. Зависно од информациите кои ќе ги оставите во однос на целите кои сакате да ги постигнете, вежбите кои ќе ви ги понуди алатката може да се разликуваат. Кога ќе завршите добивате рејтинг, а вашата основна цел треба да биде секојдневно напредување.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

8. Медитирајте

Ништо не ја уништува способноста ефективно да го користите мозокот, како и самото негово здравје во целина, како стресот. Медитацијата е добар начин да го намалите нивото на стрес. Не мора да го правите ова со специјални пантолони за јога и  темјан. 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

9. Научете ги маните на вашиот мозок

Вашиот мозок, многу од работите ги прави многу добро, но истовремено е за никаде во други. Можеби нема да успеете секогаш да ги поправите сите работи за кои вашиот мозок не го бива, но барем доколку сте свесни за маните, ќе можете да го искористите неговиот целосен потенцијал. 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

10. Вежбајте и хранете се добро

Веројатно колку што има луѓе што веруваат во ова општо познато знаење, има исто толку кои не се придржуваат до него. Ако не вежбате и не се храните добро поради тоа што не знаете како, едноставно почнете од некаде. Има многу совети за вежбање, како и такви за правилна исхрана на интернет. И не секирајте се, здравата исхрана не мора да значи и трошење повеќе пари. Сè што правите за да ја одржите вашата остроумност, може лесно да биде попречено доколку не внимавате на здравјето на вашето тело. Малку физичка активност и паметна диета ќе ви помогнат да го одржите вашиот мозок во топ состојба.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Игор Reply

    Најважно од се е број 10. Без тоа се паѓа во вода. Што се однуесува до Lumosity, го користев година дена и е феноменален сајт и навистина корист од неговото користење!

  2. Anomis Reply

    ja sudoku obavezno si resavam =]] mn mi e interesno i raskazete si prikazna…pa hey toa go pravime sekoja vecer koga kje si legneme dodeka da zaspieme ….fantazirame t.e. si praime filmcinja =]]

  3. gordana Reply

    Lumosity e korisen za nas i za deca za site navistina imas korist od vakva strana ,bravo za andministratorite

Остави коментар