10 најголеми детски стравови и како тие влијаат на нивната личност

Стравовите се неизбежен дел од животот, кои се појавуваат во различни фази од развојот, особено кај децата. Што ги предизвикува и што да се направи ако стравот премине во нарушување коешто пречи во развојот на детето?

Стравот, во основа, нè штити од впуштање во опасни ситуации и нè учи да бидеме внимателни. Децата за многу нешта немаат страв, но затоа се тука родителите, кои ги заштитуваат со нивните стравови. Така децата учат што е опасно, а што не е.

10 најголеми детски стравови и како тие влијаат на нивната личност?

Стравовите поврзани со развојот настануваат во времето на промени во животот на детето. На пример, мајка излегува во парк со едногодишно девојче, кое за првпат се одделува од неа, за да разгледа интересна лулашка. За кратко време, девојчето чувствува страв, почнува да плаче и се враќа кај мајката. Во овој случај, нејзе стравот ѝ помага да истражи нешто ново, но и да не се изгуби. Слично е и со постаро дете. На пример, кога детето учествува во спортски натпревар на кој постигнува резултат, во моментот кога се појавува родителот, кај него се појавува чувство на гордост, наместо претходната несигурност, плашливост и изгубеност. Со ова, детето направило чекор понатаму во растењето.

Промени во растењето можат да бидат и тргнувањето во градинка, во училиште, почетокот на пубертетот, адолесценцијата… Стравовите поврзани со овие развојни фази исчезнуваат кога истите ќе бидат поминати и детето се навикнува на новите ситуации. Секако, во овие ситуации важна е поддршката на блиските личности, како што се родителите, членовите од семејството или пријателите. Кога нив би ги немало, траењето на стравовите може да биде уште подолго.

Најчести стравови кај децата (а што некогаш остануваат и во подоцните фази од животот) се: темнина и мрак, разделби, губење на љубовта, чудовишта и провалници, некои животни, вода, грешки, болест и смрт, осамостојување и лекари.

Кога детето се плаши, родителот треба да биде тука за поддршка, колку и да се чини стравот неоснован или смешен. Стравовите се дел од развојот и за да се спречи тие да предизвикаат понатамошни последици, потребно е родителите активно да се вклучат во нивното надминување. На тој начин детето ќе научи да излезе на крај со тоа што го плаши, па дури и да го победи, а целиот тој процес е полесен кога е проследен со прегратки и внимание.

10 најголеми детски стравови и како тие влијаат на нивната личност?

Совет до родителите: Вашето дете треба да знае дека го сфаќате сериозно и дека сакате да му помогнете во надминувањето на стравот. Заедно цртајте ги стравовите, играјте улоги во кои тие се победени, споделете со детето од што вие сте се плашеле во детството и како сте го победиле стравот. Така ќе ги мотивирате и самите да се изборат против него.

За жал, стравовите кои ќе останат неидентификувани или кои детето ќе се обиде да ги надмине без поддршка од блиските, носат ризик за потешки нарушувања понатаму во животот, како што е на пример, депресијата. Стравот може да биде предизвикан и од смрт на блиска личност, разделување на родителите, болести во семејството, телесно казнување, злоупотреба или емоционална запоставеност. Сите овие ситуации може да преминат во нарушувања.

Понекогаш, однесувањето на исплашеното дете се толкува како незаинтересираност и немотивираност, а ваквата состојба може да предизвика напнатост, бурни реакции, па дури и болки во стомакот и главата. Кај постарите деца силните стравови се манифестираат преку забрзан пулс, потење, треперење на телото, завлекување на зборовите и неконтролирани движења со делови од телото (тикови).

Затоа, родители, доколку забележите дека вашето дете покажува знаци на страв, проследени со наведените симптоми, обидете се да му помогнете, макар тоа и да вклучува ангажирање на професионален психолог.

Погледнете ги и овие 8 забавни игри кои ќе го поттикнат емоционалниот развој кај децата.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар