На кој начин доживеаната траума може да ви биде пречка за да започнете здрава љубовна врска?

На кој начин доживеаната траума може да ви биде пречка за да започнете здрава љубовна врска?

Започнувањето нова љубовна врска особено доколку имате трауми од претходната може да биде навистина тешко и честопати повеќето луѓе не можат да го сфатат тоа. Тоа е така бидејќи тие речиси и не знаат за битката што се случува во вас бидејќи очајно сакате да се чувствувате сакано, но не можете да се ослободите од стравот и траумата. Еве кои знаци можат да укажат на фактот дека доживеаната траума може да биде пречка за започнување нова љубовна врска.

На кој начин доживеаната траума може да ви биде пречка да започнете здрава љубовна врска?

1. Никогаш не се чувствувате безбедно во ниедна врска, дури и ако вашиот партнер е навистина добра личност.

Секогаш кога влегувате во нова врска, едноставно не можете да се натерате да бидете среќни и мирни во неа. Вашиот партнер можеби е многу добра личност и искрено ве сака такви какви што сте, но не можете да ги заборавите вашите минати трауматски искуства и да му верувате. Постојано се сомневате во намерите и зборовите на партнерот како резултат на вашата претходна токсична врска.

2. Вистинската љубов ја барате во погрешни луѓе.

Барањето љубов во погрешен тип на луѓе е еден од најголемите знаци дека имате проблем да ја прифатите љубовта после траума. Без разлика дали се работи за трауматски искуства од детството или минати токсични врски, бидејќи сте научиле дека љубовта „треба“ да биде поврзана со болни искуства, ја барате кај оние кои не ви ја возвраќаат.

3. Не можете да се ослободите од минатото.

Не е лесно да се ослободите од минатото, особено кога сте имале многу трауматични искуства. Ако сте пораснале со насилни родители, може да биде особено предизвик да се извлечете од таа трауматична јамка бидејќи на крајот на краиштата тоа се вашите родители. Не можете да заборавите како се однесувале со вас бидејќи тоа е единствениот вид „љубов“ што сте го познавале откако сте дошле на овој свет. Токсичната врска може исто така да го уништи вашето ментално и емоционално здравје. Продолжувате да размислувате за тие лоши времиња и тоа ве држи во маѓепсан круг на трауматични и болни спомени.

4. Имате тенденција да се самоповредувате.

Кога е премногу тешко да се справите со болката од минатото, се предавате на штетните навики, надевајќи се дека тие ќе ви помогнат да се справите со сето тоа. Без разлика дали станува збор за физичко самоповредување или емоционално самоповредување, влијанието е исто – завршува со самоуништување.

Откако прочитавте кои се знаците дека не можете да ја прифатите љубовта во вашиот живот, можеби ќе сакате да прочитате како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар