8 забавни игри кои ќе го поттикнат емоционалниот развој кај децата

Сигурно веќе знаете дека карактерот на децата се формира уште во раното детство. Токму затоа, родителите треба да им обрнат многу внимание со цел да го извлечат максимумот од нив и да ги подготват за светот на возрасните. Следниве 8 забавни и едукативни игри ќе го поттикнат развојот на позитивните особини кај вашите деца…

8 забавни игри кои ќе го поттикнат емоционалниот развој кај децата

1. „Не се согласувам со тебе“

Играта се состои од прашања поврзани со личните интереси на детето. Најдобро е детето да ја игра оваа игра со други деца, а не со вас. Треба да играат во парови. Едното од нив прашува на пример „Која книга ја имаш прочитано последна?“, а другото одговара со „Пајажината на Климентина“. Тогаш првото дете вели „Тоа е лоша книга“, а задачата на второто дете е да докаже дека приказната е убава и вреди да се прочита. Може да се поставуваат најразлични прашања. На овој начин децата ќе научат да го бранат сопствениот став и самоуверено да даваат аргументи.

2. „Секој на свој начин“

Оваа игра е наменета за група деца. Пред да почне, секој учесник треба да му даде одредена задача на лидерот: Да отпее нешто, да отиде некаде, да се јави некому… не постојат никакви ограничувања. Правилата на играта ќе им се објаснат на децата, кога секое од нив ќе смисли задача и ќе му каже на лидерот што сака. Правилата се дека секое дете треба да го направи она што му го кажало на лидерот. Оние кои сакале да го измамат лидерот ќе паднат во својата стапица. Ова ќе ги научи дека треба да ја почитуваат улогата на лидерот и да се однесуваат сериозно и одговорно.

3. „Измислување приказна“

Оваа игра е совршена за развивање на фантазијата. На детето треба да му се дадат логички неповрзани зборови. Побарајте од него да измисли приказна во која ќе ги употреби сите зборови, на пример: Шума, тркало, чај, автомобил, бран, месечина, завист, крзно, таван, снег. Ќе се изненадите од тоа колку е неверојатна детската фантазија!

4. „Балон“

Ова е одлична игра која ќе ги научи децата како да дишат правилно и да се опуштат. Оваа игра исто така ќе ви помогне подобро да го разберете вашето дете. Дајте му на балон во светла боја, кажете му го да надува и потоа полека да го пушта воздухот назад во уста, без да ја отвора (како балонот да го дува детето). Потоа бавно нека го испушта воздухот со тоа што балонот ќе се издишува.

Можете да го прашате детето кога се почувствувало на истиот начин, кога не можело да поднесе нешто и кога посакало да пукне како пренадуван балон. На тој начин, ќе му покажете како да се смири во стресните моменти и да понуди решение за проблемите. Ќе можете да дознаете за што се грижи вашето дете и да му помогнете да ги надмине тешкотиите. Освен тоа, ова е добра вежба за белите дробови.

8 забавни игри кои ќе го поттикнат емоционалниот развој кај децата

5. „Дувни ја свеќата“

Целта на оваа е игра е да се вежба длабоко дишење. Детето треба да вдишува преку носот, да го надуе стомакот и полека да издишува преку устата како да дува свеќа. Кога ќе ги научи инструкциите, нека седне на столче 2 метра оддалечено од маса на која има свеќа. Детето не смее да станува, да се доближува и да се наведнува кон свеќата. Играта не завршува додека детето не ја дувне свеќата.

6. „Комплименти“

Ова е уште една игра наменета за група деца. Децата седат во круг и треба да кажат неколку убави зборови додека го гледаат нивниот сосед во очи. Детето што го добило комплиментот треба да се заблагодари и да премине на следниот играч. На некои деца ќе им биде тешко да смислат и да дадат комплимент и ќе им треба помош да видат како се прави тоа преку прашања или пример. Децата можат да научат многу од оваа игра, бидејќи давањето комплименти е уметност.

7. „Погоди што се случи“

Најдете фотографија со некоја животна ситуација на неа, како на пример слика од човек што добива некаква награда. Прашајте го детето што се случило пред оваа ситуација и според нивното мислење што би можело да се случи следно. Оваа задача ги развива логиката и фантазијата. Колку што е подетална приказната толку подобро. Можете да поставувате прашања за да помогнете.

8. „Создадете приказна“

Оваа игра е наменета за група деца. Сите седат во круг и вие како лидер ја почнувате приказната со зборовите „Си биле еднаш…“. Првото дете мора да ја продолжи приказната и така понатаму секое дете треба да додаде по една реченица. Кога повторно ќе бидете вие на ред, можете да го насочите дејството во пологичен правец. Оваа вежба ги забавува децата, ги фасцинира и што е најважно им ја буди фантазијата.

Потсетете се и на вашето детство со овие незаборавни детски игри од маалските улици.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Tinche Reply

    Пола од игриве се безвезни и немаат смисла. Давањето комплимент е уметност викаш, може да но знаеш ли дека доколку го форсираш детето да дели комплименти туку така а самото не осеќа потреба да пофали некого ти индирекно го учиш да лаже. И тогаш што развиваш?? Детето во никој случај не треба да се форсира да прави нешто за што не чуствува потреба или нешто што не сака да го прави. И тоа со балонот е чиста глупост па знаеш ли кој терет на плуќата се прави така него ај.И првата игра не е игра тоа е веќе разговор меѓу две деца чисто созревање, одреден степен на зрелост.

Остави коментар