5 одлични фризури за девојки со кружно лице

Кога станува збор за фризури, ако имате кружно лице вашата цел би требало да биде фризура која визуелно ќе го издолжи лицето. Доколку спаѓате во оваа група и сакате да направите некоја промена, овие 5 предлози ќе ви помогнат во тоа.

1. Брановиден боб

5 одлични фризури за девојки со кружно лице

Тапите рабови создаваат неверојатен контраст со кружното лице, додека оваа должина на косата ќе направи вашиот врат да изгледа подолг. Ако ја скратувате косата, осигурете се должината да биде околу 7 центиметри под брадата за најдобар ефект.

2. Рамен боб

5 одлични фризури за девојки со кружно лице

Бидејќи кружното лице секогаш изгледа премногу младо и „слатко“, оваа фризура ќе му даде подобар изглед. Рамниот боб создава совршена рамнотежа.

3. Кратка коса со волумен

5 одлични фризури за девојки со кружно лице

Можеби мислите дека кратката коса само ќе ја нагласи формата на вашето лице, но всушност важи спротивното. Важно е волуменот да биде на врвот на главата, на овој начин издолжувајќи го лицето.

4. Долги слоеви

5 одлични фризури за девојки со кружно лице

Целта на оваа фризура е да го врамите лицето со нежни локни кои ќе ги нагласат вашите јаболкници и очи. Притоа вашите лице и врат ќе изгледаат многу подобро.

5. Разделени шишки

5 одлични фризури за девојки со кружно лице

Рамните шишки можат да направат вашето лице да изгледа уште помладо. Ако ги разделите шишките на средина, визуелно ќе ја промените формата на челото и вашето лице ќе изгледа издолжено.

Пробајте ги и овие интересни фризури кои можете да ги направите сами.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар