Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?

Дури и да отпатувате на само еден ден во прекрасниот град Будимпешта, можете да видите многу доколку направите добар план за шетање и разгледување на метрополата на Унгарија. Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Будимпешта е град со широки булевари и тесни улички, што е потсетник дека некогаш бил дел од Австроунгарското царство. Градот е совршен за шетање пешки, па затоа тргнете од центарот, а потоа лутајте по грандиозните булевари и воодушевувајте ѝ се на прекрасната архитектура.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Во центарот на градот се наоѓаат два важни музеи, Унгарскиот национален музеј и Меморијалниот центар на Холокаустот. Улицата Ваци отсекогаш била главна шопинг-улица во Будимпешта. Оживела веднаш по промената на политичкиот режим во 1989 година и оттогаш е место каде што можат да се најдат многу реномирани домашни и странски брендови.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Од улицата Ваци упатете се кон шеталиштето покрај Дунав, а следејќи ја трамвајската линија број 2 ќе стигнете до плоштадот „Kossuth“. Плоштадот се наоѓа пред парламентот кој е еден од симболите на Будимпешта и воедно најголем парламент во Европа. Задолжително посетете го, нема да се покаете. Главната фасада на парламентот гледа кон Дунав, а градбата е во неоготски стил со неоренесансна купола. Градењето е завршено во 1902 година, кога е издигната куполата која е со висина од 96 метри. Ова е многу важен број за Унгарците, бидејќи во 1896 година тие прославиле илјада години од нивното постоење.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Од парламентот тргнете југоисточно и по 200 метри ќе се најдете на плоштадот „Szabadsag“, кој всушност е прекрасен парк во кој се наоѓа колосалниот споменик на Советскиот сојуз кој го слави ослободувањето на Унгарија и крајот на Втората светска војна. Тоа е единствениот споменик останат во градот од тоа време, бидејќи сите останати се отстранети.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Потоа тргнете назад кон парламентот и на околу 400 метри јужно се наоѓа познатиот Сеченов синџирест мост. Идејата за градење на овој мост кој ќе ги поврзува Будим и Пешта ја спровел и финансирал унгарскиот реформатор, грофот Иштван Сечени. Според легендата, поради страшна бура, грофот не можел да ја пројде реката, додека од другата страна неговиот татко бил на смртна постела. Тој чекал 8 дена да пројде бурата, но во меѓувреме неговиот татко починал. Мостот го проектирал Англичанецот Вилијам Тиерни Кларк, а свечено е отворен во 1849 година. Во тоа време бил еден од најголемите висечки мостови.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?По мостот ќе стигнете кај замокот Будим кој е историски комплекс во кој биле сместени унгарските кралеви. Целосно бил завршен во 1265 година, а во минатото се нарекувал и кралската палата. Изграден е во средновековен и барокен стил.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Преку мостот се доаѓа и до рибарските кули кои се изградени во неоготски и неокласичен стил. Тие се наоѓаат околу црквата Св. Матијаш. Од кулите има прекрасен панорамски поглед кон Пешта. Бастионот го има добиено своето име според рибарите кои го одбраниле овој дел од градот во Средниот век.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Плоштадот на хероите се наоѓа на крајот на булеварот Андраси, веднаш до градскиот парк. Од левата страна се наоѓа Музејот на ликовна уметност, а од десната Палатата на уметноста. На плоштадот се поставени статуи на водачите на седум племиња кои ја основале Унгарија, а тука исто така има и статуи на важни личности од унгарската историја.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Место кое задолжително морате да го посетите е базиликата Свети Стефан. Изградена е во 1905 година во неокласичен стил и е посветена на првиот унгарски крал Иштван I.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Будимпешта е познат и како градот на бањите. Во 1934 година и официјално Будимпешта била избрана за „Град на бањите“, бидејќи термалните извори ги има насекаде.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. dp96 Reply

    Кој бил знае :)

Остави коментар