Занимливости поврзани со англискиот јазик

Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата. Влијанието на Британската империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови. По Втората Светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот. Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова, најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем на основно ниво. Еве некои навистина интересни факти за овој светски јазик, кои досега најверојатно не сте немале прилика да ги чуете.

Занимливости поврзани со англискиот јазик

Дали сте знаеле дека…

  • Ниеден збор во англискиот јазик не се римува со зборовите: angel (ангел), angst (вознемиреност), breadth (широчина), bulb (сијалица), depth (длабочина), eighth (осми), month (месец), ninth (деветти), orange (портокалово), purple (виолетово), scalp (скалп) и twelfth (дванаесети).
  • Најупотребуваната буква во англиската азбука е буквата „E“.
  • Најмалку употребувана буква во азбуката е „Q“.
  • I am (Јас сум) е најкратката комплетна реченица во англискиот јазик.
  • Skiing (скијање) е единствениот збор кој се пишува со две „i“.
  • Dreamt (сонувал) е единствениот збор кој завршува на „mt“.
  • Доколку ги прочитате по ред првите буквите од месеците во годината почнувајќи од јули, а завршувајќи со ноември (July, August, September, October, November), ќе го добиете англиското име Џејсон (JASON).
  • Најстариот збор во англискиот јазик е town (град).
  • Bookkeeper (сметководител) и bookkeeping (сметководство) се единствените два збора во англискиот јазик кои имаат три последователни двојни букви.
  • Зборот testify (сведочи) потекнува од дамнешно време кога мажите морале да се колнат во нивните тестиси.
  • Првиот англиски речник бил напишан во 1755.
  • Само 4 зборови во англискиот јазик завршуваат на „dous“, а тие се: hazardous (опасен), horrendous (грозен), stupendous (фантастичен) и tremendous (огромен).
  • Минато време од глаголот dare (се осмелува) е durst.
  • Од стариот англиски збор „juke“, што значи танцување, потекнува зборот jukebox (џубокс).
  • Зборот strengths (сили) е најдолгиот збор во англискиот јазик кој има само една самогласка.
  • Најдолгиот збор кој е составен од само еден слог е screeched (врескал).
  • Сите пилоти на интернационалните летови се идентификуваат себеси на англиски јазик, без разлика на нивното потекло или земјата во која живеат.
  • Најупотребуваниот збор во англискиот јазик е „I“ (јас).
  • Зборот almost (речиси) е најдолгиот збор во англискиот јазик на кој буквите му се наредени по азбучен ред.

Ако ве интересира учењето јазици, можеби ќе сакате да совладате нов јазик за само 90 дена.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Olzon Reply

    “twelfth” не е дванаесет, туку дванаести :)

    • Кафе пауза Reply

      Фала, печатна грешка.

  2. Јалз Reply

    Angel – Danger не е лошо, во истиот момент ми текна ко го прочитав..

  3. Marina Reply
  4. Maggie Reply

    i eight se rimuva so wait :)))

    • Кафе пауза Reply

      ама со македонски изговор :) (во постот е eighth)

  5. Aleksandra Reply

    i I (jas) ne e najupotrebuvaniot zbor vo angliskiot jazik tuku e time

  6. Aleksandra Reply

    time kako imenka, a voopsto najupotrebuvaniot zbor e opredeleniot clen the

  7. Христина Reply

    rhythm најдолгиот збор без самогласки

Остави коментар