Како да научите нов јазик за 90 дена?

Најверојатно сите ви зборуваат дека јазик може да се научи само во училиште и доколку посетувате курс за странски јазици. Меѓутоа не е сè така црно-бело. Обидете се да се присетите како сте го научиле вашиот мајчин јазик кога сте биле деца. Тогаш ве интересирало значењето на секој нов збор што ќе го чуете од родителите и постепено низ годините, сте научиле сè што знаете денес.

0-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_

Доколку имате навистина голема страст добро да познавате некој јазик, не мислејќи дека годините ви се пречка, можете да го научите и тоа за само 90 дена. За да зборувате течно, секако дека се потребни неколку години, меѓутоа основата можете да ја стекнете за многу кратко, со напорна работа.

Гледање

Првата работа која треба да ја направите кога ќе решите да учите нов јазик, е да почнете да гледате цртани, играни и сериски филмови со синхронизација на тој јазик. Доколку не сте имале претходно контакт со јазикот, првите денови најверојатно нема да разберете ни збор. Но, со тек на време, вашиот мозок ќе почне да го „лови“ значењето на некои едноставни работи, како што се „здраво“, „јаболко“, „чао“ и слично. Најдобар и најзабавен начин да стекнете некое основно познавање на јазикот, е со гледање цртани филмови, бидејќи во нив стилот е едноставен и сè е сликовито прикажано.

Caucasian watching television on sofa

Слушање

Кога ќе почувствувате дека почнувате да ги разбирате детските емисии и цртани филмови, преминете на гледање покомлицирана категорија – ТВ серии. Почнете со некои полесно разбирливи, како „Пријатели“ (Friends) или „Неочекуван живот“ (Life Unexpected). Кога ќе почнете да ги разбирате поедноставните серии, преминете на некои покомлицирани за разбирање, како што се „Изгубени“ (Lost) или „Декстер“ (Dexter). Ако успеете да ја разберете барем суштината на секоја епизода, најверојатно ќе почнете да разбирате и радио емисии, интервјуа, па дури и аудио книги.

2-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_

Имајте на ум дека учењето јазик може да биде многу интересно, сѐ додека ви е грижа за содржината на тоа што го консумирате. Немојте да се разочарувате ако не успеете да разберете некои делови. На почетокот, секако не е возможно да го разберете поголемиот дел од содржината. Наместо да се нервирате, релаксирајте се и оставете им на вашите уши да „уловат“ сѐ што можат. Не мачете се да размислувате што значи секој збор, туку обидете се да го сфатите контекстот. Тоа е одлично за почеток.

Читање

Доколку уживате во читањето книги, тогаш зацртајте си цел да прочитате барем 2 книги овој месец на јазикот кој сте решени да го научите. Започнете со некои детски книги кои имаат лесна содржина, проверувајте го значењето на непознатите зборови во речник, и запишувајте ги во тефтер. Користете онлајн речници за побрзо пронаоѓање на зборот. Доколку учите на курс, професорката најверојатно ќе ви кажува дека граматиката е најбитна, но во реалноста не е така. Многу е побитно секојдневно да го збогатувате вашиот речник со нови зборови и да знаете правилно да се изразите, отколку перфектно да владеете некое сложено време, кое ретко каде се користи во пракса.

3-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_

Пишување

Колку повеќе одвојувате време за пишување, толку побрзо и ќе научите да пишувате. Зборовите кои ви се потешки, напишете ги повеќе пати. Обидувајќи се да составувате реченици, структурата на јазикот и граматиката ќе ви стануваат сè поблиски. Како што ќе напредувате, можете да се вклучите во онлајн разговори со луѓе, чиј мајчин јазик е оној кои вие го изучувате. Постојат сајтови, специјално создадени за луѓе кои учат јазик, како што е Shared Talk.

4-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_

Зборување

Повеќето луѓе сакаат после кратко време поминато учејќи некој странски јазик, веднаш да почнат да зборуваат течно. Меѓутоа тоа најчесто е најтешката задача, па затоа извесен временски период фокусирајте се на гледање ТВ, слушање и читање, пред да почнете да зборувате. И секако, не заборавајте – секогаш наоѓајте забава во учењето. Слушајте музика на тој јазик, дружете се со луѓе кои знаат да го зборуваат, а секогаш кога имате прилика да зборувате со странец – направете го тоа.  Интернетот тоа го направи возможно.

Ако сакате да научите јазик за 90 дена или помалку, ќе треба комплетно да се посветите на таа работа. Тоа значи дека ќе треба да одвојувате многу часови од денот за читање, слушање, пишување. Постојат многу начини да бидете постојано во контакт со јазикот. На пример, ако користите Gmail, променете го интерфејсот на конкретниот јазик. Сменете го менито на вашиот мобилен телефон, компјутерските игри кои ги играте и сè што мислите дека ќе ви биде од корист.

Учењето нов јазик е возможно, колку и да ви изгледа недостижно. Не е тешко, но бара истрајност и голема посветеност. Не заборавајте дека за да учите нов јазик, треба истиот да ви се допаѓа доволно, за да успеете да пронајдете забава во целиот процес.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар