Зачекорете по светкавата ѕвездена патека

Британската компанија „Pro-Teq“ создала интересен раствор во форма на спреј, кој го користи за создавање ѕвездени пешачки патеки. Иновативниот продукт наречен „STARPATH“ создава нелизгава, водоотпорна површина, која истовремено е и алтернатива на уличните светилки и не бара електрична енергија. Ваквите патеки се идеални за вечерните пешаци, а исто така се евтини и не бараат голема работна сила.Зачекорете по светкавата ѕвездена патекаSTARPATH е моментално инсталирана во Англија, каде што е покриена патека со должина од 140 метри. Целата работа била завршена за помалку од четири часа, а процесот вклучува прскање полиуретанска основа, проследена со еден слој агрегатен материјал кој ја апсорбира и складира енергијата од УВ-зраците и на крај еден слој полиаспартик, кој се суши за само половина час.Зачекорете по светкавата ѕвездена патека Зачекорете по светкавата ѕвездена патека

Сопственикот на компанијата Хамиш Скот објаснува: „Производот се приспособува на природната светлина, така што доколку е ептен темно надвор, флуоресцентната светлина на патеката ќе се засили, и обратно, ако небото е светло, нема да биде толку светла. Таа соодветно се прилагодува според условите, како да има сопствен мозок.“

Зачекорете по светкавата ѕвездена патека

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар