Неделен хороскоп од 20 до 26 декември: Нè очекуваат убави работи!

Неделен хороскоп од 20 до 26 декември: Нè очекуваат убави работи!

Иако планетите и ѕвездите ќе бидат во поволна положба оваа недела, сепак тоа не значи дека треба да се опуштаме. Пред Нова Година вообичаено остануваме без енергија, но добра вест е дека нè очекуваат убави работи. Еве што ни предвидуваат астролозите за периодот од 20 до 26 декември.

Неделен хороскоп од 20 до 26 декември: Нè очекуваат убави работи!

Овен

Во текот на оваа недела ќе бидете успешни што се однесува до креативната и интелектуалната работа. Астролозите предвидуваат зголемена активност на ѕвездите и планетите, а тоа ќе ви помогне да ги решите проблемите кои ве мачат подолго време.

Бик

Во следниот период добро би било да се фокусирате на планирање за иднината, но и на она што е важно во сегашниот момент. Обидете се да се ослободите од канџите на минатото кои сè досега ве влечеа кон дното. Астролозите ви препорачуваат да се посветите на домашните обврски што ќе ви помогне да не мислите на грижите.

Близнаци

Не заборавајте дека среќата не зависи само од парите и материјалната состојба. Во текот на оваа недела посветете се на духовниот аспект од вашиот живот и пронајдете нова мотивација пред почетокот на новата година. Одвојте време за да донесете важни одлуки. Ова особено се однесува на новите познанства.

Рак

Во текот на оваа недела бидете повнимателни и следете ги знаците покрај патот. Можни се шансите да се појави нов додворувач. Првин обидете се подобро да ја запознаете личноста, а потоа да донесете некакви заклучоци. Влијанието на планетите ќе ви ја изостри интуицијата, па затоа слободно потпрете се на внатрешниот глас кога станува збор за љубов и финансии.

Лав

Оваа недела е идеална за стекнување нови знаења и искуства. За да не дојде до прекин на виталната енергија, астролозите ви препорачуваат да поминувате колку што е можно повеќе време со луѓе чие друштво ви годи, но и слободно да им се препуштите на омилените активности како шопинг, масажа, читање книга или гледање добар филм. Сепак, внимавајте тоа да не се одрази премногу врз вашиот џеб!

Девица

Во текот на оваа недела фокусирајте се на работата и средувањето на домот бидејќи отстранувањето на негативната енергија од домот ќе ви помогне да го направите попријатно место за одмор. Оваа недела астролозите ви препорачуваат да бидете поотворени за нови познанства.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар