Соочете се со стравот од ајкула – заедно вечерајте суши :)

Внесете малку авантура во јадењето суши преку една од овие кул чинии на студентката по биологија Avigayil, чие хоби е изработка на керамички производи. Во овој случај таа ги споила двете животни пасии и изработила невообичаен, но навистина креативен производ. Од океанот на дното на чинијата излегува страшна ајкула со уста полна соја сос.
(1) Соочете се со стравот од ајкула - заедно вечерајте суши :)Штета што во моментот студентката има премногу нарачки и не прима нови. Но, ако сте љубители на суши, малку трпеливи и подготвени да платите повеќе од 70 долари, вашето уживање во оваа храна ќе биде многу поголемо и позабавно.
Ризикувајте и поделете го залакот суши со страшната ајкула. Обидете се да украдете и малку соја сос од нејзината уста. 😉(2) Соочете се со стравот од ајкула - заедно вечерајте суши :)(4) Соочете се со стравот од ајкула - заедно вечерајте суши :)(3)   Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар