Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер

Сите објекти, мали или големи создаваат сенка, а тука спаѓаат и планините. Но, еден специфичен врв на планина се однесува на карактеристичен начин. Тој не прави сенки на земјата, туку нагоре во облаците. Како е ова возможно?Погледнете ја неверојатната сенка на планината РеинерПланината Реинир е масивен вулкански врв кој се наоѓа на 87 километри југоисточно од Вашингтон, САД а височината на нејзиниот врв изнесува 4.392 метри. Не постојат други планини со таква височина во околината, па токму поради тоа Реинир е најиздигнатата планина во цела Америка.

Во денови кога небото е чисто, врвот доминира во југоисточниот хоризонт и може да се види од далечина од Портланд, Орегон, Викторија и Британска Колумбија. Но, во облачните утра кога облакот е на одредена височина, при изгревот, сонцето го осветлува врвот на планината одоздола и притоа фрла долга сенка на долната страна од облакот.Погледнете ја неверојатната сенка на планината РеинерОва се случува само во текот на есента и зимата кога сонцето изгрева подалеку на југ и е во определена положба при која планината Реинир ги блокира првите зраци од утринската светлина. Погледнете ги фотографиите на различни фотографи, кои совршено го уловиле овој фантастичен природен феномен.Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар