Пцујте слободно! Научно е докажано дека пцуењето е добро и за вас и за блиските

Можеби некој ќе мисли дека заради вашиот „живописен“ вокабулар сте примитивни, агресивни или нападни, но тоа едноставно не е точно. За почеток, сите пцуеме, само прашање е колку често и колку жестоко, а науката докажала бројни благодати како резултат на оваа честа навика.

pcujte-slobodno-nauchno-e-dokazhano-deka-pcuenjeto-e-dobro-i-za-vas-i-za-bliskite-kafepauza.mk

1. Ја ублажува болката

Испитаниците кои сочно пцуеле можеле да ја држат раката во ледена вода во просек 45 секунди подолго од испитаниците кои се дереле изговарајќи пристојни зборови, покажало едно истражување спроведено на Кееловиот универзитет во Англија. А кога ги прашале како се чувствуваат, пцујачите чувствувале послаба болка. „Кога ќе се удрат, луѓето се советуваат добро да опцујат“, заклучува водачот на истражувањето д-р Ричард Стивенс.

2. Ве прави посилни

Во истото истражување испитаниците кои пцуеле на другите им изгледале посилни. Ричард Стивенс тоа го објаснува со фактот дека пцуењето го прави човекот поагресивен, па затоа делува пострашно за околината.

3. Не значи дека сте глупави

Мислењето дека луѓето кои пцујат се на границата на глупоста бидејќи не знаат да се изразат со поубави зборови е сосема погрешно. Д-р Стивенс и докторантката Ејми Зиле објавиле научен труд во кој јасно покажале дека образованието и интелигенцијата немаат никаква врска со пцовките.

4. Пцуењето е добра психо-терапија

Пцовките се одлична алатка која на луѓето им помага да се носат со околностите кои не се совршени. Токму затоа на испитаниците со раката во ледена вода не им помогнало урлањето со пристојни зборови. Луѓето кои пцујат чувствуваат помали последици од хормонот на стресот, па имаат и помал ризик од кардиоваскуларни болести.

5. Се чувствувате поотпорни

Затоа што пцуењето е своевидна психолошка прва помош, ви дава чувство дека можете сè.

6. Ве навлекува на филмови

Зошто „Волкот од Волстрит“ постигна толкав успех? Па, заради пцовките. Накратко, што повеќе пцовки има во една серија или филм, толку повеќе обожаватели ќе добие, барем вака тврди професорката Моника Беднаред. Тоа е затоа што ликовите кои пцујат делуваат поприродно.

7. Ве поврзува со другите

Пцуењето е важно за создавање меѓучовечки односи и пријателства. Дава доза интимност и поттикнува градење односи.

8. Пцуењето е вродено и експресивно

„Пцуењето ни помага да изразиме изненадување, бес, лутина, радост, среќа… Тоа е нешто како автомобилската свирка – можете да сигнализирате толку многу нешта. И пцуењето е дел од психата“, објаснува психологот Тимоти Џеј кој 35 години ги проучува пцовките.

9. Заменува многу нешта

Пцовката значи многу нешта. Може да замени именка, придавка, прилог, интерпункција… Накратко, таа е е*ено јазично богатство.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар