Ново чудо од глас на годинешното шоу „Britain’s got talent“

После феноменалните изведби и откривањето на новите пејачки феномени, Пол Потс во 2007 година и Сузан Бојл во 2009 година, шоуто „Britain’s got talent“ повторно го шокираше светот со уште едно фантастично дуо. Станува збор за 17-годишниот Џонатан и 16-годишната Шарлот, кои заедно звучат фантастично. Џонатан е момче кое е премногу срамежливо поради неговиот проблем со прекумерната тежина, но заедно со неговата најдобра другарка, по сугестија на нивната учителка по пеење, тие се пријавуваат на ова шоу. Можеби функционираат како дуо, меѓутоа гласот на Џонатан ќе ве турне од столчето на кое седите.Ново чудо од глас на годинешното шоу „Britain’s got talent“Дури и скептичниот и секогаш искрениот Сајмон Кауел ќе стане и ќе аплаудира на ова пријатно изненадување. Застрашувачки моќно! Оние што се посензитивни нека си спремат шамиче.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар