Неверојатно сексистички цитати за жените низ историјата кои ќе ве вознемират

За жал, сексизмот е една од најчестите појави низ историјата. Иако денес работите се значително подобрени, сепак не можеме да кажеме дека сексистичките коментари се целосно искоренети од речникот на мажите, па дури и на некои жени. Можеби следниве цитати биле кажани пред многу години, но тоа не значи дека се поразлични од размислувањата што владеат и денес. Веројатно ќе ве изненади тоа што некои од најголемите филозофи и писатели имале прилично деградирачки идеи за жените.

Неверојатно сексистички цитати за жените низ историјата кои ќе ве вознемират

Не треба да заборавите дека кога зборуваме за тоа како жените биле гледани низ историјата, зборуваме и за основата врз која се изградиле многу од денешните мислења за жените. Корените на сексизмот се многу длабоки и почнуваат уште во 300 година п.н.е. Во продолжение прочитајте ги следниве неверојатни сексистички цитати за жените кои ќе ве вознемират…

„Сите потраги на мажите се потраги и на жените, но во сите нив жените се инфериорни во однос на мажите.“

Ова било кажано од страна на грчкиот филозоф Платон. Класичен сексизам!

„Вистинската сопруга треба да биде послушна како роб.“

Ова било кажано од страна на уште еден познат грчки филозоф, Аристотел. Дали сѐ уште се согласувате со филозофиите на големите старогрчки мислители?

„Тој ми кажа дека жените се премногу слаби и кршливи и дека би можела да се повредам или да ги оштетам моите репродуктивни органи. Тоа беше митот што владееше во тоа време.“

Кетрин Свицер го кажала ова, првата жена која го истрчала Бостонскиот маратон, што било нелегално во тоа време. Имено, ова ѝ било кажано од страна на нејзиниот тренер по трчање кој мислел дека жените се физички неспособни да истрчаат маратон. До ден денес, Свицер има истрчано 39 маратони.

„Има само помалку од 10 мажи (и ниту една жена) чии зборови вредат да бидат испечатени.“

Ова било напишано во едно писмо од Т. С. Елиот до неговиот пријател Езра Паунд. Ништо страшно… Само двајца книжевни гиганти си разменуваат ужасни зборови за жените.

„Природата налага жените да бидат доминирани од страна на мажите.“

Овој аргумент во прилог на женската потчинетост бил даден од страна на кинескиот филозоф Конфучиј.

„Ако решите да оставите некоја жена, најверојатно ќе треба да ја застрелате. Само така ќе се поштедите од сите неволји, дури и да ве обесат на крајот.“

Ова било напишано од страна на Ернест Хемингвеј во едно писмо до неговиот уредник.

„Што ќе си помислат нашите војници кога ќе се вратат на факултет и ќе дознаат дека треба да учат од жени?“

Познатата математичарка Еми Нетер го кажала ова, иако и самата таа била жена. Нетер денес се смета за една од највлијателните фигури во историјата на математиката.

Доколку ве заинтересира оваа тема, погледнете ги следниве илустрации на најпознатите стереотипи за мажите vs. жените.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар