Неверојатни факти за Сонцето

Сонцето е во центарот на нашиот сончев систем од каде што овозможува доволно топлина и светлина за да може да постои живот на Земјата. Тоа се формирало пред околу 4,6 милијарди години, но сепак е едно од најмладите во нашата галаксија. Научниците веруваат дека сè започнало со огромен облак од гасови и прашина кои формирале топка. Густите гасови кое се наоѓале во центарот, започнале да создаваат масивни количества на енергија преку процесот нуклеарна фузија и на тој начин започнал бурниот живот на младото Сонце.

Неверојатни факти за Сонцето

Во јадрото, огромниот гравитационен притисок предизвикува температурата да достигне повеќе од 15 милиони степени. Плазмата се движи кон површината на Сонцето и зрачи топлина од надворешната обвивка, наречена фотосфера каде што температурата е околу 5.500 степени.

Но, дали знаевте дека…

  • Околу 72% од гасовите во Сонцето ги сочинува водородот. Од останатите гасови поголем дел зазема хелиумот заедно со кислородот, јаглеродот, неонот, магнезиумот, железото и силициумот. Научниците досега успеале да забележат вкупно 67 елементи во составот на Сонцето.
  • Во близина на атмосферата, енергија од јадрото на Сонцето патува накај фотосферата, од каде што се испушта како сончева светлина.
  • Црвеникавиот сјај од наредниот слој (хромосферата) може да се забележи само за време на целосно затемнување на Сонцето. Короната е третиот слој од Сонцето која изгледа како заслепувачка бела светлина од јонизиран гас исфрлен накај вселената.
  • На сончевата светлина ѝ се потребни само 8 минути за да стигне до Земјата, која е оддалечена 149.597.871 километри. Бидејќи орбитата на Земјата околу Сонцето има овална форма, разликата во оддалеченоста од Сонцето варира од 146 милиони до 152 километри во текот на годината.
  • Потребни биле милијарди години за еволуцијата на Сонцето, но научниците велат дека тоа ќе живее уште толку. Астрономите веруваат дека како што на нашето Сонце ќе почне да му снемува водород, така тоа ќе почне полека да се шири, станувајќи црвен џин кој можеби и ќе ја проголта Земјата.

Неверојатни факти за СонцетоНеверојатни факти за Сонцето

Погледнете го и ова интересно видео од НАСА на кое одлично се гледа огромна соларна експлозија која се случила во август 2012 година:

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар