Науката објаснува како зборувањето со самите себе може да ја подобри мозочната функција

Многумина од нас сме си зборувале сами на себе кога сме биле деца. Но, зборувајќи си гласно на себе е поинтелигентна и помалку луда постапка отколку што сте можеле да замислите. Но, зошто луѓето го прават тоа? Ако им зборувате на другите за да им пренесете некоја порака, тогаш зборувањето на себе ја има истата цел.

Науката објаснува како зборувањето сами на себе може да ја подобри мозочната функција

Науката го објаснува зборувањето сами на себе

Според едно истражување спроведено од Гари Лупиан и Даниел Свингли, зборувањето на себе, на глас или потивко, е значајно затоа што тоа им овозможува на луѓето побрзо да ги најдат работите. Тие откриле дека на овој начин, кога се именува објектот, побрзо може да се види она што се бара. Целта од нивното истражување било да се провери дали зборувањето на себе има влијание на визуелниот процес. Тие испитале 26 студенти (50% машки и 50% женски) барајќи одредени предмети во супермаркет. Лупиан заклучил дека слушањето на името на предметот ѝ помага на визуелната перцепција. Едноставното слушање на името на бараниот предмет им помогнал на учесниците побргу да ја завршат својата задача, за разлика од оние што само размислувале за тоа.

Всушност, оние мали разговори што сте ги имале самите со себе, биле поттикнати со цел да ви помогнат. Следниот пат кога сте во потрага по нешто, изговорете го тоа гласно и побргу ќе го пронајдете бараниот објект отколку вообичаено. Ова е одличен начин да ја зголемите функцијата на мозокот. Истражувањата покажале дека сѐ додека го правите ова природно, вам ќе ви помогне да ги остварите своите задачи и цели.

Позитивни резултати од зборувањето сами на себе

Визуализирајте го објектот така што ќе можете да го видите подобро. Според споменатото истражување, зборувањето го олеснува пребарувањето. На пример, доколку на Интернет пребарувате одреден вид кафе, а почнете да размислувате за мобилни телефони, тоа ќе го направи вашето пребарување многу неефикасно. Затоа, мислете на она што го барате и полесно ќе го пронајдете.

Како најдобро да си зборувате на себе?

Почнете да зборувате на себе и имајте ги најважните животни разговори. Разговарајте си во вид на интервју, бидете продажен агент и слично. Секако, науката е на ваша страна. Иако најпрво може да ви изгледа како само обичен разговор, низ текот на времето ќе ги видите своите позитивни резултати.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар