Како да го натерате партнерот да ве слуша? Ова се трите начини...

Како да го натерате партнерот да ве слуша? Ова се трите начини…

Мажите едноставно не умеат да слушаат, но со помош на овие едноставни тактики, ќе почнат да ве следат со големо внимание.

Како да го натерате партнерот да ве слуша? Ова се трите начини...

1. Избегнувајте пречки

Тоа подразбира да не му кажувате ништо важно додека пишува пораки на телефонот, гледа фудбал на телевизија или работи нешто друго. Еве зошто. Мостот на комуникацијата помеѓу двете хемисфери во неговиот мозок е помал во однос на оној кај женскиот мозок. Затоа тој не е во состојба да го обработи интензивниот сообраќај од информации, што истовремено значи и дека мажите и мултитаскингот тешко одат рака под рака.

2. Прашајте го за мислење

Секогаш кога ќе започнете разговор барајќи го неговиот став во врска со одредена тема, неговиот мозок автоматски тоа го означува како нешто важно, па поради тоа и повнимателно ќе ве слуша. Затоа речете му нешто во стилот: „Ме интересира што мислиш околу ова“, а потоа кажете му што ви е вам на ум. Не само што ќе го добиете неговото целосно внимание туку и ќе имате можност да го чуете неговото мислење.

3. Прејдете на главното

Откриено е дека слушањето на вибрациите на женскиот глас за мажите е комплексно, па тие за тоа го користат оној дел од мозокот кој служи и за интерпретирање на музиката. Во превод ова значи дека мора да бидете директни и да го кажете она главното, бидејќи тој има биолошки предиспозиции за скратување на вниманието при слушање и разбирање додека вие зборувате.

Уште нешто корисно: Како да ја направите расправата со партнерот корисна за вашата врска?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар