Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир

Со помош на каков било пар ракавици и спроводлив конец, можете да направите ракавици со кои ќе можете да го користите вашиот мобилен телефон или таблет без да морате да ги соблечете. Постапката е многу едноставна и нема да ви треба ничија помош.

Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир

Сè што треба е да сошиете неколку паралелни линии на делот од ракавиците каде што влегуваат прстите кои најмногу ги користите при ракување со уредите. Откако ќе го направите ова пробајте ги и ако не фаќаат добро, зашијте уште конец. Во суштина, сè додека конецот го допира вашиот прст внатре и екранот од надворешната страна, би требало да имате функционални спроводливи ракавици.

Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар