Најстрашните ликови од големото платно

Ако обожавате да гледате хорори, сигурно имате омилен лик кој влева страв во коски. На списокот на најстрашни ликови се најдоа луѓе, но и животни како Годзила, Т-рекс, големата бела ајкула…

Годзила

Ова суштество беше предизвикано од луѓето со помош на атомска бомба, па така радиоактивниот диносаурус се упати кон Јапонија. Но, Годзила имаше и добри карактеристики. Го спасуваше светот не само од лошите Земјани, туку и од вонземјаните. Овој лик за првпат се појави на филмското платно како Гојира во 1954 година, кога на островот Бикини биле вршени атомски експерименти.

Најстрашните ликови од големото платно

Големата бела ајкула

Големата бела ајкула е вистински ѕвер кој живее во океанот и јаде човечко месо. За првпат се појавила во филм на Стивен Спилберг од 1975 година. Највпечатлива е сцената во која ајкулата напаѓа и јаде една девојка, што предизвикува страв и паника во малото гратче кое егзистира од туризам. За жал, телевизиите одамна не го емитуваат овој филмски серијал.

Најстрашните ликови од големото платно

Кинг Конг

Иако денес изгледа сосема нормално, па дури и по малку смешно, ликот на Кинг Конг претставувал олицетворение на страв пред 80 години. Кинг Конг се прослави најмногу благодарение на трагичниот крај и безвремената приказна и така стана лик од книгите, стриповите, театарот и видеоигрите.

Најстрашните ликови од големото платно

Т-рекс

Тираносаурусот Рекс е всушност диносаурус месојадец од праисторијата. Овој лик со огромна глава и остри заби е производ на генетскиот и компјутерскиот инженеринг во филмот „Паркот Јура“ на Стивен Спилберг од 1993 година.

Најстрашните ликови од големото платно

Врколак

Врколаците со генерации наназад предизвикуваат страв, посебно за време на полната месечина. Истовремено, ја зголемуваат и продажбата на сребрениот куршум, како единствено оружје кое е појако од овие суштества. Првиот филм во кој врколакот бил главен лик се појавил во 1941 година. Тоа бил филмот „Човекот волк“.

Најстрашните ликови од големото платно

Франкенштајн

Првото претставување на Франкенштајн се случило во 1931 година, во истоимениот црно-бел филм. Ликот на Франкенштајн е создаден од Мери Шели во романот „Франкенштајн или модерниот Прометеј“ од 1818 година. Со тоа, Шели се смета за основач на жанрот научна фантастика.

Најстрашните ликови од големото платно

Ханибал Лектор

Иако Ханибал Лектор е сериски убиец и канибал, тој истовремено е и брилијантен психијатар. Не може да не се спомене неговото легендарно појавување во 1991 година во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, каде што покрај Ентони Хопкинс, и Џоди Фостер се претстави во одлично издание.

Најстрашните ликови од големото платно

Фреди Кругер

Многумина го сметаат Фреди Кругер за погрда варијанта на Едвард со рацете-ножици, која демнее како ноќна мора. Помеѓу омилените жртви на овој лик се тинејџерите од предградијата кои ги убива на спиење. Фреди за првпат се појави во 1984 година во филмот „Кошмар на улицата на брестовите“.

Најстрашните ликови од големото платно

Мајкл Маерс

Не може да се замисли Ноќ на вештерките без Мајкл Маерс. Тој е 10-годишно ментално нестабилно и молчаливо дете кое ќе биде сместено во лудница откако ќе изврши семеен масакр, од кој ќе се извлече само неговата помала сестра. Во лудницата ќе започне да изработува маски за Ноќта на вештерките кои нема да сака да ги тргне од лицето. Мајкл Маерс за првпат се појави во филмот на Џон Карпентер, „Ноќ на вештерките“, во 1978 година.

Најстрашните ликови од големото платно

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. CBam Reply

    Samara fali .. xD

  2. Перси Шели Reply

    Добро бе светов уште не научи дека Франкенштајн е докторот, а чудовиштето останува безимено до самиот крај на делото. Имено Др. Франкенштајн толку се уплашил и мрднал од ликот на чудовиштето кое сам го креирал што не бил во состојба ни да му даде име. My work here is done.

Остави коментар