Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Децата секогаш имаат урнебесни идеи, особено кога треба да напишат писмо со желби до Дедо Мраз. Се сеќавате на вашите новогодишни желби? Што сакавте да ви донесе Дедо Мраз? Најчестите желби се кукла, камион, велосипед и слично. Но, овие деца посакуваат навистина оригинални подароци! Прочитајте ги најслатките писма до Дедо Мраз што децата некогаш ги напишале…

Пракса за џуџиња

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Драг Дедо Мраз,

Јас и мојот помал брат дадовме сѐ од себе за да бидеме добри! Но, прво најважните работи, јас би сакал да бидам џуџе на полица. Вежбав и сега засега можам да седам на полица половина час.

И брат ми Мајкл би сакал да биде ирвас. Всушност, тој вежбаше многу и сега може да лета 5 центиметри. Но, еве што сакам за Нова година,

(пречкртано)

Замена

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Драг Дедо Мраз,

Јас би сакал нови родители кои нема да ми викаат поради лошите оценки.

Малите помошници на Дедо Мраз

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Драг Дедо Мраз,

Мајка ми ми кажа дека не смеам да побарам многу играчки, бидејќи на другите деца во светот им требаат играчки, па затоа би сакал да побарам само една играчка ако ти остане вишок во вреќата. Те сакам Дедо Мраз и запомни дека треба да погледнеш во вреќата.

Можеме да ти помогнеме да ги завиткаш подароците со твоите џуџиња, а ти можеш да ни дадеш играчки. Ѝ помагаме на мајка ни да ја чисти куќата, па знаеме како да чистиме. Те сакам Дедо мраз!

Нарачка

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Драг Дедо Мраз,

Сакам да нарачам помфрит, компјутер и пилешки нагет.

Љубопитен ум

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Драг Дедо Мраз,

Се надевам дека ќе подариш многу радост.

Се надевам дека ќе подариш многу подароци и насмевки.

Не можам да ти се заблагодарам доволно за тоа што им даваш подароци на сите во светот. Како им ги даваш сите тие подароци на сите? __________________ (те молам, напиши го одговорот на линијата)

Од

Тео и Декстер

Продолжете на следната страница за останатите урнебесни писма до Дедо Мраз…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар