Одберете едно волшебно огледало и ќе добиете порака за вашиот животен пат

Сите сакаме да знаеме дали нашите избори се правилни и дали максимално го користиме нашиот животен потенцијал. Следниов забавен тест ќе ви го покаже правиот пат и ќе ви ги даде советите што вашата душа очајно сака да ги чуе. Сѐ што треба да направите е да го одберете огледалото што најмногу ви се допаѓа и да го прочитате неговото значење.

Одберете едно волшебно огледало и ќе добиете порака за вашиот животен пат

Го одбравте огледалото што најмногу привлекува? Тогаш, можете да продолжите понатаму и да ги прочитате резултатите…

Огледало под број 1: Препуштете му се на животот!

Одберете едно волшебно огледало и ќе добиете порака за вашиот животен пат

Сега е вашиот момент! Прифатете го вашиот живот и престанете да им се спротивставувате на најдлабоките желби на вашето срце. Бидете храбри и полни со надеж. Само така ќе можете да ги остварите вашите цели. Колку пати досега сте измислувале причини зошто не можете да направите нешто? Колку често сте се надевале потајно дека нешто „возбудливо“ ќе ви се случи? Треба да знаете дека таквите награди доаѓаат само ако вложите многу труд. Вашето срце знае што треба да направите.

Огледало под број 2: Имајте самопочит!

Одберете едно волшебно огледало и ќе добиете порака за вашиот животен пат

Заслужувате да имате убави работи во животот исто како и сите останати. Заслужувате љубов, внимание, успех и почит. Дождот паѓа на сите нас исто како што сонцето сите нѐ огрева. Зар не е време да се ослободите од некои ограничувања? Немојте да се плашите од вашите способности. Ниската самопочит ве уверува дека не сте доволно добри, па затоа воопшто не се ни трудите. Но, тоа е само еден обичен страв што може да биде победен. Немојте да живеете во страв. Уште во истиот момент кажете си: „Јас заслужувам љубов, успех и почит“.

Огледало под број 3: Престанете да ги одложувате работите!

Одберете едно волшебно огледало и ќе добиете порака за вашиот животен пат

Ако имате тенденција да ги одложувате работите од страв, неодлучност или мрзеливост, тогаш треба да се ослободите од оваа лоша навика. Немојте да се чувствувате лошо поради тоа, туку едноставно кажете си: „Подготвен/а сум да се ослободам од оваа навика“. Не би сакале да ги одложите сите добри работи што би можеле да ви се случат. Судбината ве чека, но не може вечно да чека. Почнете да извршувате некоја задача и завршете ја до крај. Наскоро ќе влезете во ритам, ќе ги завршите сите ваши обврски и ќе имате поголема самодоверба.

Огледало под број 4: Прифатете ја љубовта!

Одберете едно волшебно огледало и ќе добиете порака за вашиот животен пат

Носите толку многу љубов во себе и подготвени сте да ја подарите некому! Меѓутоа, време е да се ослободите од сите стравови и негативни навики што ве спречуваат да го отворите вашето срце. Научете нешто од минатото и не ги повторувајте истите грешки. Универзумот ги слуша вашите мисли, дури и тогаш кога мислите дека сте сами. Тој ги манифестира вашите мисли. Ако мислите на вашите стравови, нема да го добиете она што го сакате. Отворете го вашето срце и замислувајте си како уживате во прегратката на човек кој ја заслужува вашата љубов.

Доколку ви се допадна овој тест, одберете пердув и дознајте нешто повеќе за вашиот карактер.

odberete-perduv-i-doznajte-neshto-povekje-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар