Мали постапки за искажување благодарност во секојдневниот живот, но со голем позитивен ефект!

Мали постапки за искажување благодарност во секојдневниот живот, но со голем позитивен ефект!

Искажувањето благодарност може да биде предизвик кога се соочуваме со осаменост или токсична врска, работа или здравствени проблеми. Сепак, кога сте обесхрабрени или оптоварени со негативни мисли, постојат неколку работи што можете да ги направите за да се чувствувате подобро.

Мали постапки за изразување благодарност во секојдневниот живот, но со голем позитивен ефект!

Зошто е тешко да се покаже благодарноста?

На некои полесно им доаѓа чувството на благодарност, а некои, пак, имаат навика да се фокусираат на негативното. Една од причините за ова е тоа што нашиот мозок е предиспониран да решава проблеми и како таков вниманието го насочува кон негативната страна на одредена ситуација.

Зошто да се биде благодарен?

Чувството на благодарност има моќ да ја смени нашата перспектива и да нè доведе од чувството на депресија, завидливост, лутина или самосожалување до посреќно расположение. Освен тоа, негативните верувања и емоции ја ограничуваат нашата имагинација и способност да се справиме и решаваме проблеми. Во продолжение прочитајте кои постапки можат да го „олеснат“ процесот на искажување благодарност во секојдневниот живот.

Набројувањето на работите за кои сте благодарни – Препорачливо е да ги запишувате секој ден, особено доколку се најдете во очајна ситуација. Можете да почнете со фактот дека знаете да пишувате и да читате. Додадете мали нешта, на пример, љубовта кон вашето домашно милениче, поздравот од колега, моментот кога ќе ја слушнете омилената песна на радио или ќе завршите некоја приоритетна задача. По неколку дена, ќе почнете да барате работи што треба да ги додадете на вашата листа и ќе откриете дека вашето расположение значително се подобрува – многу побрзо отколку да земате антидепресив.

Прочитајте ја вашата листа некому – Споделувањето на чувствата на благодарност го удвојува ефектот.

Одвојте време за себе – Опуштете се и внимавајте на сегашниот момент, чувствувајќи го здивот и телото. Почувствувајте благодарност за живоста во вашето тело.

Секојдневно покажувајте благодарност – Тоа што го правите гласно има поголема моќ. Наутро и навечер рецитирајте молитви на благодарност или само кажете „Фала ти (Боже)“.

Заблагодарете им се на другите во текот на денот за нивната помош, особено на луѓето на кои вообичаено не им се заблагодарувате – Ова е признание дека зависите од многу луѓе за да преживеете и го признавате вашето меѓусебно зависно постоење.

Давајте почесто комплименти – На тој начин ќе им оставите до знаење на другите дека го цените нивниот труд.

Размислете за луѓето што ги цените – Чинот на нивното визуелизирање со позитивни чувства го отвора вашето срце за благодарност.

Напишете им на луѓето неочекувани белешки полни со благодарност.

Правете мали добри дела.

Откако прочитавте на кој начин можете да ја искажете благодарноста во секојдневието, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин можете да ги цените и да уживате во малите нешта во животот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар