Моќта на мајчинството: Дознајте зошто Анџелина Џоли е прекрасна и силна мајка

Моќта на мајчинството: Дознајте зошто Анџелина Џоли е прекрасна и силна мајка

Анџелина Џоли ѝ дозволи на јавноста да ѕирне во нејзиниот приватен живот по разделбата со Бред Пит, благодарение на интервјуто за списанието Венити Фер. Не постои сомнеж дека 42-годишната актерка ги обожава нејзините 6 деца Медокс, Пакс, Захара, Шило и близнаците Вивиен и Нокс. Но, доколку ви треба поголем доказ за тоа, дефинитивно треба да прочитате некои од нејзините зборови што ги кажала за време на искреното интервју. Ќе заклучите дека таа е неверојатен родител кој е подготвен да отиде до крајот на светот за нејзините деца. Ако досега сте ѝ се восхитувале на Џоли само поради нејзината убавина и талент, дефинитивно треба да ја запознаете и нејзината заштитничка страна на грижлива и нежна мајка…

Моќта на мајчинството: Дознајте зошто Анџелина Џоли е прекрасна и силна мајка

1. На некој начин, таа е само обична мајка како и сите други

Џоли открила една интересна ситуација поврзана со ќебето на 9-годишната Вивиен.

„Таа има 32 ќебиња. Многу го сака нејзиното ќебе и се лути кога ќе го исперам. Таа еднаш ми кажа ’Мамо, можам да го вкусам ќебето’. Јас одговорив дека тоа е знак дека навистина треба да се испере ќебето.“

Познатата глумица не е ништо поразлична од останатите мајки кои треба да исперат нешто што нивните деца не сакаат да биде исперено.

2. Таа ги поставува вообичаените прашања што ги загрижуваат сите мајки

За време на интервјуто, Нокс ја прашал мајка му кога ќе им стави водена лизгалка надвор. На тоа Џоли одговорила со „Можеш прво да ми кажеш ’Здраво, мамо’?“. Исто како и сите други мајки, таа мора да им го покаже местото на нејзините деца одвреме-навреме.

Моќта на мајчинството: Дознајте зошто Анџелина Џоли е прекрасна и силна мајка

3. Сака нејзините деца да се прифатат онакви какви што се

За време на снимањето на филмот „Прво го убија татко ми“ (First They Killed My Father) во Камбоџа, каде што е роден Медокс, Џоли сметала дека нејзиниот 15-годишен син треба да биде дел од целото искуство не само со тоа што ќе учествува во филмската продукција, туку и со тоа што ќе научи нешто повеќе за земјата и нејзината историја.

„На тој начин, тој имаше можност да помине низ истите патишта што ги поминале неговите биолошки родители“, изјавила таа.

4. Нивното заздравување е најважно

Со оглед на успесите и падовите со кои се соочи нејзиното семејство пред некое време, Џоли сака да се погрижи за тоа дека нејзините деца го надминуваат сето тоа.

„Поминавме низ најтешкиот период и сите се обидуваме да земеме воздух. Оваа куќа е голем чекор за нас и сите даваме сѐ од себе за да го излечиме нашето семејство“, признала таа.

Моќта на мајчинството: Дознајте зошто Анџелина Џоли е прекрасна и силна мајка

5. Знае дека може да им овозможи неверојатен живот

Ако се интересирате дали гласините за тоа дека Пит не бил среќен со нивниот животен стил и сакал да има понормален живот се вистинити, Џоли го дава одговорот и на тоа прашање.

„Нашиот начин на живот не беше воопшто негативен. Тоа не беше проблемот. Тоа е и ќе остане една од најпрекрасните можности што можеме да им ги дадеме на нашите деца. Тие се 6 многу силни, внимателни и светски поединци. Многу сум горда на нив“, објаснила Џоли.

6. Секогаш ги фали

Џоли открила како децата ја поднеле разделбата на нивните родители и објаснила дека биле многу многу храбри.

Моќта на мајчинството: Дознајте зошто Анџелина Џоли е прекрасна и силна мајка

7. Таа е заштитнички настроена

Анџелина Џоли објаснила дека сите се обидуваат да застанат на нозе по настаните што довеле до разделбата. Но, открива и дека децата не заздравуваат од разводот, туку од други работи во животот. Овој одговор делува по малку мистериозно, што докажува дека таа се обидува да ги заштити нејзините деца и не сака да открие премногу емотивни и лични работи за нив. Исто така, таа нагласила дека не сака да зборува за разводот поради нејзините деца.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар