Односите со родителите влијаат врз изборот на брачниот партнер

Сите проблеми со спротивниот пол влечат корени од нашето детство. Каков однос сме имале со мајката или со таткото, таков однос ќе имаме и со нашите сопружници, тврди психологот Јулија Талантсева.

Влијанието на мајката

Мајката е почеток на сѐ, таа априори не може да биде добра или лоша, таа е само мајка. Дури и ако психолошки несвесно му наштетила на своето дете, тоа е само последица од нејзиното лошо детство или од лошиот однос со нејзините родители.

Мајка која не посветила многу време на своето дете

Мајката која често го оставала своето дете кај роднините, која прерано го запишала во градинка или која, во главно, била зафатена со самата себе, кариерата или со некое хоби – сето ова може да влијае врз детето, така што тоа ќе почне да го гледа животот во црно-бело.

Откако ќе порасне, ова дете, сега веќе маж, ќе оди во екстреми во односот со спротивниот пол: прво ќе љуби до лудило, а потоа жестоко ќе мрази. Со вакво стереотипно размислување, тешко е да се изгради здрав однос.

Самохрана мајка

Децата на самохраните мајки, кои виделе и знаат колку е тешко, не можат да изградат свое семејство бидејќи имаат грижа на совест ако ја остават мајката сама. Девојките често имаат несоодветни односи со мажите, а момчињата избираат партнерка која им изразува сожалување, а потоа цел живот патат поради недостаток на љубов.

Семејство во кое има многу кавги, а детето е во улога на „судија“

Во семејствата каде што детето било т.н. „судија“ меѓу кавгите на родителите, подоцна ќе развие ниска самодоверба и за него животот на другите секогаш ќе биде поважен од неговиот.

Влијанието на таткото

Таткото е глава на семејството, на неговите правила и прописи. Односот на ќерката со спротивниот пол зависи од односот со таткото. Синовите, откако ќе пораснат, во некои ситуации почнуваат да се однесуваат како таткото. Исто така, неретко тие со жените се однесуваат исто како што нивниот татко се однесувал со нивната мајка.

Татко кој често го повредувал детето со навреди, кавги и грубости

Ќерките на ваквите татковци бираат силни и цврсти мажи за свои животни придружници, кои понекогаш знаат и да ги навредат.

Синовите на овие татковци често се мета на навреди од околината, но тие самите не сакаат да ги повредуваат другите.

Татко кој не бил присутен во воспитувањето на детето

Ќерките на ваквите татковци се заљубуваат во рамнодушни или оженети мажи.

Синовите, пак, се еднакво ладни и тешко ги изговараат зборовите „те сакам“ бидејќи, според нив, тоа е знак на слабост.

Татко кој бил премногу зафатен со работата или имал друго семејство

Нивните ќерки се спремни да станат нечии љубовници или да прифатат љубов на далечина.

Синовите, во најдобар случај, одат во спротивност – стануваат верни мажи и добри татковци, а во најлош случај односот со жените го доживуваат како забава.

За да изградите силни и здрави односи, треба да се ослободите од влијанието на родителите со помош на искусен психолог, кој за вас ќе развие индивидуална здравствена програма.

Следно, дознајте кои се нештата што секој маж треба да ги знае откако ќе стане татко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар