Мислите дека знаете да танцувате?

Автор: Моника Трајковска

So you think you can dance“ е најголемото шоу во Америка кое е посветено на натпреварување во танцување. Создадено е од Сајмон Фулер и Најџел Литгоу во 2005 година и со секоја нова сезона популарноста значително се зголемува. Ова шоу го води неодоливата Кет Дили, а во улога на судии покрај Најџел се појавуваат најпознатите кореографи и танчери во Америка.

Успешноста и гледаноста на ова шоу произлегува од уникатноста на изведбите на танчерите. Секој танц има своја посебна приказна која постојано допира до срцата на публиката. Погледнете ги овие неверојатни настапи кои целосно ќе го променат вашето мислење за танцувањето.Мислите дека знаете да танцувате?

Џејми и Хок – џез (The Chairman’s Waltz)

Кореографијата на Вејд Робсон е една од најнезаборавните изведби во ова шоу и танчерите дефинитивно одлично ја доловија неговата идеја. Приказната е за колибри (Хок) кој се обидува да заведе цвет во цутење (Џејми). Изведбата на танчерите е толку уникатна и совршена, што сè уште никој не успеал да ја одигра како нив.

Кејти и Твич – модерен танц (Mercy – Duffy)

Кореографиите од Миа Мајклс скоро секогаш имаат романтично-љубовна содржина. Но оваа рутинска точка сама по себе е малку поразлична. Се работи за опсесивна девојка која не сака да се откаже од своето момче. Но тој не го дели истото мислење со неа и поради тоа настанува малку комплицирана ситуација.

Челси и Марк – хип хоп (Bleeding Love – Leona Lewis)

Кога станува збор за хип хоп, кореографите Наполеон и Табита се незаменливи. Приказните во нивните кореографии изобилуваат со интензивни чувства кои само најдобрите танчери успеваат да ги доловат. Оваа изведба објаснува една секојдневна ситуација низ која сите поминуваат. Девојката (Челси) пробува да го задржи дома нејзиниот љубовник кој е зависен од работата (Марк) со надеж дека ќе помине повеќе време со него, но тој го краде нејзиното срце и си оди.

Нил и Себра – џез (Sweet dreams – Eurythmics)

Оваа фантастична кореографија е на Менди Мур. Приказната е еден вид бизнис преговарање, во кој има жестока дебата помеѓу двете страни. На крај Нил и Себра го завршуваат преговарањето со „ракување под маса“, кое најчесто се случува и во реалниот живот.

Тревис и Хејди – модерен танц (Calling You – Celine Dion)

Познатата кореографија со клупата на Миа Мајклс е една од најпопуларните во ова шоу. Како и секогаш се работи за љубовна рутинска точка, проследена со многу емоции. Девојката (Хејди) се обидува да најде начин да се смири со нејзиното момче (Тревис), но и покрај сè што ќе направи, тој сепак ја напушта.

Роберт и Алисон – модерен танц (Fix You – Coldplay)

Кореографот Тревис Вол ја направил оваа кореографија во чест на неговата болна мајка. Неверојатната изведба од страна на Роберт се должи на сличната ситуација со онаа на Тревис. Приказната за синот кој очајно се обидува да ù помогне на својата мајка е една од најтрогателните досега во ова шоу.

Били и Лорен – Бродвеј (Footloose – Kenny Loggins)

Оваа интересна бродвеј рутинска точка е на Тајс Диорио. Се работи за средношколска љубов, која Били и Лорен одлично ја доловуваат. Уживајќи во слободното време помеѓу часовите, тие се забавуваат како никогаш досега.

Кејти и Џошуа – Боливуд (Dhoom Taana – Om Shanti Om)

Накул Дев Макаџан стои зад оваа интересна кореографија. Се работи за типична боливудска љубовна приказна, која што танчерите одлично ја изведоа. За овој вид танц е потребна голема физичка кондиција како и трпеливост, бидејќи има сосема различни движења во однос на останатите музички жанрови.

Били и Лорен – џез (Boogie Shoes – KC & The Sunhine Band)

Забавна кореографија од Менди Мур која овие танчери прават да изгледа неверојатно лесна. Приказната е едноставна – тие едвај чекаат да се видат за да танцуваат заедно.

Кортни и Марк – џез (Garden – Mirah)

Доколку ве интересираат малку чудни и бизарни, но истовремено уникатни кореографии, Соња нема никогаш да ве изневери. Нејзините изведби се незаборавни и изобилуваат со многу интензивни емоции. Приказната во оваа кореографија е за млада девојка (Кортни) која не може да поверува дека повеќе не му е привлечна на своето момче (Марк) и прави сè за повторно да го заведе. На крај таа целосно успева во својата намера.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар