Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сон

Оваа појава се јавува поради големиот стрес на кој се изложени сонувачите во текот на денот, а бидејќи се постојано во контакт со некого, тие не можат да ја препознаат разликата.Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сонСтресот предизвикува редок феномен во однесувањето, а тоа е пишување и испраќање СМС-пораки за време на спиењето, а за тоа овие луѓе не се свесни воопшто. Луѓето кои испраќаат пораки додека спијат, најчесто имаат многу работа и обврски во будна состојба, па тоа ги оптоварува и во сон. Тие и во сон мислат дека треба да бидат секогаш спремни. Австралискиот стручњак за спиење д-р Дејвид Канингтон од центарот за нарушувања во спиењето од Мелбурн, тврди дека поради постојаното примање и испраќање пораки и мејлови, овие луѓе тешко разликуваат јаве од сон.

Испраќањето СМС-пораки во сон е нов феномен, додека праќањето мејл е воочено уште во 2008 година и е почеста појава, но и поопасна бидејќи мејл најчесто се испраќа на колеги и шефови.

Доктор Канингтон објаснува дека имаат пациентка која пишува и испраќа мејл додека цврсто спие, а потоа не се сеќава на ништо кога ќе се разбуди. Такви случаи има сè повеќе, вели тој, а тоа може да биде многу штетно за тие луѓе и нивната околина, бидејќи мејл можете да испратите на колегите од работа и да ја доведете својата кариера во прашање, додека СМС најверојатно ќе им испратите на пријателите и семејството.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар