Луди правила од 1830-тите кои покажуваат како требало жените да се однесуваат

Во далечното минато било голем тренд да се биде нешто што денес е синоним за нетолерантност, ограниченост, незрелост и ментална затвореност: Светот сметал дека е добро да се биде расист, сексист, ксенофоб, хомофоб. Минатото било ужасно за секој за кој се велело дека отстапува од границите на „нормалното“, каде под нормално се подразбирало да се биде бел, католик, да се сака само спротивниот пол и пред сѐ, да се биде маж. Жените отсекогаш биле сметани за пониска класа на луѓе, а 1831-та година не е никаков исклучок.

Луди правила од 1830-тите кои покажуваат како жените требало да се однесуваат

За да ја илустрира поентата, NPR (National Public Radio) пронашле неколку луди правила на однесување од еден сет книги насловени „Морална енциклопедија“. Книгите биле напишани од Чарлс Варле, адвокат од Балтимор, кој очигледно бил во голема заблуда. Еден дел од книгите, кој значително се истакнува, се состои од серија правила кои покажуваат како жените од културното и цивилизираното општество би требало да се однесуваат за да останат добри и чисти, според Варле. Правилата се толку апсурдни, што можат слободно да се сметаат за една од причините поради кои жените решиле да се изборат за своите права.

Во продолжение, едни од најлудите, и за жал, постоечки правила за однесувањето на жените кои на денешниот читател му даваат слика низ колку тежок период поминувале тие во минатото и кои имаат само една поента: Да укажат на тоа дека клучот за да се биде една почитувана и воспитана жена е да се биде совршена.

1. Избегнувајте сѐ што е машко.

2. Немојте да дозволите често да ве гледаат во јавноста.

3. Консултирајте се само со своите роднини.

4. Немојте ниту да слушнете зборови кои имаат двојно значење.

5. Настојувајте да пишувате и зборувате соодветно по граматичките правила.

6. Симпатизирањето на фините работи покажува исто толку лош вкус како што чистотата и едноставноста покажуваат добар.

7. Немојте да формирате пријателства со мажи.

8. Скромно подајте рака кога е потребно.

9. Ако има потреба да зборувате во општеството, тогаш зборувајте само за работи кои ги разбирате.

10. Знајте дека добриот и разумен маж никогаш нема да се ожени со нешто подолу од побожната, работлива и скромна жена.

11. Немојте да дозволите љубовта да започне со вас. Најпрвин треба да ве засака мажот.

12. Немојте да формирате голема блискост со никого.

13. Никогаш не срамете се кога образите ќе ви поруменат.

14. Гордејте се со скромноста.

15. Немојте да читате романи и новели, читајте само историски, географски, биографски и други инструктивни книги.

16. Смилувајте се на несреќните.

17. Немојте да верувате на ниту една ваша познајничка, со други зборови немојте да имате блиски пријателки.

18. Не смеете да бидете претпазливи и внимателни во изборот на љубовта и бракот и запомнете: Карактерот на една млада дама се смета за ангелски, па секој недостаток и маана може да ја намали почитта која мажите ја имаат за вас.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар