Кул факти за серијата „Breaking Bad“

ТВ серијата „Breaking Bad“ доживеа мега популарност ширум светот. Ако додека се емитуваше, во просек имаше по 3-4 милиони гледачи, нејзиниот крај стана епски, кога претпоследната епизода достигна гледаност од 7 милиони гледачи, а последната, рекордни 10,3 милиони.

Серијата е хит и на сајтовите за торенти, каде последната епизода за 12 часа нелегално била симната повеќе од 500.000 пати. Изненадувачки, но најголемиот дел од симнувањата не доаѓаат од САД, туку од Австралија, по што следат САД и Британија. Според ова, финалето на „Breaking Bad“ може да стане една од најпиратираните епизоди оваа година. Во продолжение прочитајте некои интересни факти поврзани со снимањето на оваа уникатна серија.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Волтер Вајт и Хајзенберг постојат во реалноста. Пред серијата да почне да се емитува, Волтер Вајт од Алабама се наоѓал на листата најбарани криминалци поради производство и тргување со метамфетамин. Сепак не станува збор за професор по хемија болен од рак, но во медиумите се појави истата година кога и хит серијата на AMC. Од друга страна, Хајзенберг, алтер егото на Вајт, е посветен на физичарот Вернер Хајзенберг, еден од најзначајните физичари на 20 век и добитник на Нобелова награда.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Креаторот на серијата, Винс Гилиган, открил дека Џеси требало да умре до крајот на првата сезона. Но, тимот го сменил мислењето откако го виделе неверојатниот актерски перформанс на актерот Арон Пол.

9-тата епизода од 5-тата сезона е посветена на тинејџерот Кевин Кордаско, суперфан на шоуто, кој умрел од рак во март, 2013 година. Пред неговата смрт, Кевин се запознал со Брајан Кренстон и Винс Гилиган и други важни членови на фамилијата „Breaking Bad“. Му било дури и понудено да ги прочита сценаријата за да дознае како ќе заврши серијата, но Кевин одбил бидејќи не знаел дали ќе може да ја чува тајната.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Sony и AMC на почетокот не сакале да го викнат Брајан Кренстон на аудиција, бидејќи во минатото бил познат по неговите комични улоги. Многумина го паметат Брајан Кренстон како татко од „Malcolm in the Middle“. На аудицијата првин биле повикани Џон Кјусак и Метју Бродерик за да го глумат Волтер Вајт. Откако и двајцата ја одбиле улогата, Винс Гилиган го повикал Кренстон.

Актерот Дин Норис, познат како детективот Хенк, добил понуда да ја игра една од главните улоги во некој ситком, додека сè уште се снимала првата половина од 5-та сезона. Размислувајќи за финансиската стабилност на неговото семејство, тој му ја предложил на Винс Гилиган идејата да го убијат Хенк во првите 8 епизоди, убедувајќи го дека ќе биде шокантно и неочекувано. Гилиган одбил и му рекол дека Хенк му е многу потребен за втората половина од сезоната.Кул факти за серијата „Breaking Bad“На најавната шпица од секоја епизода се појавува хемиската формула C10H15N, заедно со бројот 149.24 и зборот „Meth“ може да се види на самиот почеток. C10H15N е формула за метамфетамин, кој има молекуларна маса 149,24.

Актерот Ар Џеј Мити кој го глуми Волтер Џуниор во серијата, има церебарална парализа во реалниот живот, но во многу поблага варијанта. За потребите на улогата, тој морал да научи да оди со патерици и да ја намали брзината на движење.

Името на карактерот на Боб Оденкирк во серијата за адвокатот Сол Гудман, е произлезено од „It’s all good, man“.

Синиот кристален метамфетамин навистина е поскап, но не е поквалитетен. По појавувањето на серијата, многу дилери почнале да додаваат боја за храна за да ги уверат муштериите дека станува збор за квалитетен производ како оној што го продава Хајзенберг. Инаку, кога актерите во серијата пушат метамфетамин, тие всушност пушат шеќер или кристализирани лижавчиња, но не вдишуваат. Погледнете како се прави лажен метамфетамин за потребите на серијата.

Брајан Кренстон има истетовирано тетоважа со логото од Breaking Bad, на прстот каде што се носи бурма.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Поради стравот дека некои гледачи би можеле да го копираат рецептот за правење дрога на Волтер Вајт и серијата да ја доживеат како водич за правење син, кристален метамфетамин, Гилиган и неговите сценаристи со експертите се договориле да ја помешаат реалноста со фикцијата, т.е. да презентираат и хемиски неточни сцени.

Презимето на детективот Хенк Шрејдер, е исто така поврзано со хемија. Германскиот научник Герард Шројдер (1903 -1990) бил човекот, кој случајно го открил хемиското оружје нервен гас.

И покрај тоа што главниот лик во серијата е некој кој прави многу криминални дела, сепак голем дел од фановите, омразата ја насочија не кон Волтер, туку кон неговата сопруга Скајлер. Фановите креираа многу Фејсбук и веб-страници, каде ги набројуваат многуте недостатоци на Скајлер. Тие станаа толку познати, што актерката Ана Ган самата изјави дека има т.н. „проблем со улогата“, кој се однесува на телевизискиот феномен, гледачите силно да ги мразат женските улоги како Скајлер, Кармела Сопрано од „Сопранови“ и Бети Дрејпер од „Момците од Медисон“, и покрај фактот дека тие се само невини сопруги на мажи, кои се негативци или криминалци.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Серијата заврши со 62-та епизода. 62-от елемент во периодичниот систем на елементите е самариум, изотоп кој се користи за третирање на различни форми рак, вклучително и рак на белите дробови.

Њу Мексико, локацијата на која се снимаше серијата, заработуваше по 1.000 долари по епизода, кои одеа за локалниот економски развој.

Карактерите и нивните вредности се презентирани според бојата на облеката која ја носат во серијата. Скајлер најчесто носи сино, што симболизира чистина, излез и безбедност. Џеси честопати носи жолто и црвено. Жолтото симболизира нестабилност и опасност, а црвеното агресија и насилство. Џеси носи и сиво кога закрепнува од користење дрога, а таа боја означува вина и покајание. Кул факти за серијата „Breaking Bad“ Зелената боја, која симболизира алчност, ја носи Волтер, бидејќи е заглавен помеѓу неговото семејство и бизнисот со дрога. Кога се раѓа ќерката на Вајт, розовата бојата е претставена во овој спектар, како симбол на наивност. Агентот Хенк ја носи предупредувачката портокалова боја претставувајќи ја полицијата, а Мари често носи виолетово, која го симболизира нејзиното живеење во заблуда и самозалажување. И други актери во серијата носат виолетово, секојпат кога се измамени или во заблуда. Џејн, зависничката од хероин, носи црно и ја симболизира смртта.

Пред да работи како актер, Брајан Кренстон и неговиот брат работеле во ресторан на Флорида, а нивниот шеф бил непријатен човек кој постојано викал и сите ги мразел. Потоа шефот бил убиен и полицијата испитувајќи ги сите вработени, дознала дека многу луѓе често размислувале за негово убиство. Браќата Кренстон дале отказ пред убиството и тргнале на патување со мотор низ САД, што било многу сомнително за полицијата, поради што некое време ги водела како осомничени за убиството.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар