На лош пат (Breaking Bad)

Приказна за еден приземен, нормален професор по хемија, кој соочен со крајот на својот живот, решава да помине „на другата страна“ за да ја обезбеди иднината на своето семејство

На лош пат (Breaking Bad)Главни улоги: Брајан Кренстон, Ана Ган, Арон Пол, Деан Норис, Бетси Брент, Ар Џеј Мити

Жанр: криминалистика, драма

Премиера: 20 јануари 2008

Број на сезони: 4

Времетраење: 47 минути

Јазик: англиски, шпански

Наша оценка: 10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (26 гласа, просек: 9.69 од 10)

Loading...Loading...


Знаете како, одвреме-навреме, се појавува некоја ТВ серија, која раскажува некоја сосема неочекувана приказна, ве вади од вашите чевли и ве става во обувките на главниот актер, ве возбудува и ве изненадува во секоја наредна епизода, со секоја наредна сцена… Ако ги обожавате Декстер, Калифорникација, Трева, Живите мртовци…, големи се шансите да уживате и во „На лош пат“, но не заради некаква сличност во приказните, напротив, заради уникатноста, заради откаченоста на сценариото, заради лудоста на главните ликови…


Приказна: Волтер Вајт е семеен човек, професор по хемија во средно училиште, кој не успева особено да им го задржи вниманието на учениците за време на неговите часови. После оваа интелектуална работа, заминува на втора смена во сервис за миење возила, за да скрпи крај со крај за неговото тричлено семејство, неговата жена Скајлер и неговиот син Волтер Џуниор кој боледува од церебрална парализа (актерот Ар Џеј Мити навистина има блага форма на оваа болест). Неговиот живот сосема се менува, кога дознава дека е болен од рак на белите дробови и дека има уште кратко време од својот живот. Случајно го среќава „готвачот“ и дилер на дрога, Џеси Пинкман, кој го познава како свој поранешен ученик, со кого почнува да соработува во производство и продажба на метамфетамин.На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)Приказната е толку едноставно поставена, а толку сложено се развива. Нема епизода која ќе ве разочара (освен можеби една или две), нема момент кој ќе ви дозволи да одлутате, нема секунда во која ќе престанете да се запрашувате што ќе се случи потоа.На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)Глума: Фантастична! Брајан Кренстон е феноменален. Неговата трансформација, во однос на начинот на кој го живее својот двоен живот, но и во физичка смисла, неговата грижа и емотивност кон семејството, наспроти неговата ладнокрвност кон соработниците од „другиот свет“… како е изграден карактерот на овој лик и како ни е пренесен, тоа треба да го видите. Како споредна улога, ликот на Џеси Пинкман предизвикува воодушевување од друга природа. Разликата во нивните карактери, во нивните години, создава еден однос кој на моменти наликува на односот татко-син, но истиот за секунда се претвора во партнерски однос на двајца криминалци, кога се работи за бизнис.На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)Кога и како да ја гледате: Треба да сте одморени, да не дозволите да задремете на ниедна сцена. Препорачливо е навечер, возбудата е така поголема, но ако имате слободно време, веројатно нема да нè послушате. Ќе почнете со пилот епизодата денес, а утре веќе ќе ја гледате втората сезона. Да, толку е заразна. За среќа имате 34 епизоди кои траат доволно долго за да ве прават задоволни во секоја минутка од вашето време. Само што започна да се емитува четвртата сезона, па ќе имаме што да гледаме. Гледајте ја сами или во мало друштво.На лош пат (Breaking Bad)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Dimeski Reply

    OK za serijalot, stvarno e odlicen da se izgleda. Go preporacuvam i FRINGE za sladokuscite na tainstvenoto!!!
    Pozdrav…

Остави коментар