Креативен начин за организирање на вашиот накит

Ние девојките навистина обожаваме накит! И да бидеме реални, никогаш не ни е доста зашто секогаш ќе има некоја нова маичка на која не одговараат ниту еден пар обетки од оние што ги имаме дома, онака совршено како што одговараат оние што ги здогледавме во продавница. Па обетките треба да се искомбинираат со ѓердан или можеби штосен прстен и така едноставно настанува преполна кутија со накит во која не можеме да пронајдеме ама баш ништо. Сепак, постои навистина лесен начин за организирање на бројните парчиња накит којшто истовремено ќе ви ја разубави собата. Погледнете ги инструкциите подолу за да ја изработите вашата нова рамка за накит.

Креативен начин за организирање на вашиот накит

Потребно:
  • Стара рамка
  • Подлога (може да оди заедно со рамката, ако не искористете парче иверица)
  • Малечки куки
  • Метална жица
  • Лепак
  • Боја
  • Клинци

Креативен начин за организирање на вашиот накит

Што се однесува до големината на рамката и должината на подлогата, најдобро е да се ориентирате според накитот што планирате да го чувате на вашата нова рамка за накит. Сигурно ќе ви треба подолго парче иверица доколку на неа закачувате долги ѓердани или обетки.

Креативен начин за организирање на вашиот накитКреативен начин за организирање на вашиот накит

За ѓерданите и за обетките можете да употребите различни куки, отворени и пошироки за ѓерданите, а затворени и потесни за обетките, слично како на сликата погоре. Обојте ги елементите како што сакате и останува уште да ја прицврстите подлогата за рамката со неколку клинци.

Креативен начин за организирање на вашиот накит

Доколку ви остане простор, можете да го искористите за да залепите малечка кутија на самата рамка во која ќе ги чувате прстените. Едноставно и практично!

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар