Краток комичен филм: Човек од акција (Man of Action)

„Човек од акција“ е кратка шестминутна комедија која се врти околу еден повлечен и срамежлив маж кој се наоѓа пред голем предизвик кога сака да ѝ пријде на девојката која му се допаѓа. Но, тој не е човек од акција. Многу се колеба пред да го стори тоа и се чини дека е потребна некоја вонредна ситуација за да се реши да преземе нешто.

Краток комичен филм: Човек од акција (Man of Action)

Комплетен автор на филмот е австралискиот режисер Џими Енет. Ова интересно филмче го склопил набрзина, за само шест часа, но и тоа му било доволно за да создаде добра кратка комедија.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар