Кели Муту – Езера каде почиваат душите

Жителите на Флорес, велат дека душите на врачевите живеат високо во планините на нивниот остров во Индонезија, во езерото каде водата е црна. Блиското зелено езеро е дом за грешните души, а душите на децата и девиците почиваат во езерото со светлозелена боја.

Кели Муту - езера каде почиваат душите

На висина од над 1.600 метри, во кратерите на Кели Муту, кој претставува еден од многубројните згаснати вулкани на овој индонезиски остров, се наоѓаат овие три езера. На островот има и 14 активни вулкани, а и земјотресите се честа појава.

Кели Муту - езера каде почиваат душитеКели Муту - езера каде почиваат душите

Самите езера со неверојатни бои претставуваат доволно изненадување, но со нив е поврзана и приказната дека не толку одамна нивните води биле поинаку обоени – со црна, кафена и сина боја. Во 60-те години на 19 век имале боја на бело кафе, црвено-кафеава и сина боја, а триесет години пред тоа имале бои слични на денешните.

Кели Муту - езера каде почиваат душитеКели Муту - езера каде почиваат душите

Никој не ја открил причината зошто овие езера се вака обоени, ниту пак зошто им се менува бојата. Тие таинствено лежат во кратерите што некогаш биле жешки, а непознати процеси ја диктираат нивната следна промена на бојата.

Кели Муту - езера каде почиваат душите

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. lolz Reply

    prekrasno e :)

  2. Pavlina Reply

    Prekrasno !!!

  3. mihaela Reply

    pa najverovatno pordi toa sto go ima vnatre vo ezerata… najverovatno razlicni trevki se pojavuvaat pod ezerata i poradi toa i bojata im se menuva… prekrasno e, navistina!

Остави коментар