Чоколаден колач со вишни
Благо кое сите ќе го обожаваат…

Потребни состојки за пандишпан:
- 6 белки
- 300 г шеќер во прав
- 1 лажица оцет
Потребни состојки за прелив:
- 6 жолчки
- 200 г шеќер во прав
- 3-4 реда чоколадо за готвење
- 1 маргарин
- 2 јајца
- ½ кг исчистени вишни
За декорација:
- шлаг
Начин на подготовка: Рерната загрејте ја на 150 степени Целзиусови. Шесте белки изматете ги заедно со 300 г шеќер во прав и во смесата додадете ја лажицата оцет. Обложете еден плех со хартија за печење и убаво распоредете ја смесата. Печете околу еден час.
Шесте жолчки изматете ги со 200 грама шеќер во прав, ставете ги во еден метален сад и топете ги на пареа. Потоа додадете го и чоколадото. Откако ќе се стопи и чоколадото, тргнете го металниот сад и оставете ја смесата да се олади.
Во оладената смеса од жолчки и чоколадо додадете го маргаринот, кој претходно ќе го растопите и двете цели јајца. Смесата убаво изматете ја, а потоа додадете ги и вишните.
Потоа пандишпанот полијте го со преливот, а одозгора декорирајте со шлаг.
Напомена: Вишните можете да ги замените и со малини, шумско овошје или друго сезонско овошје.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
