Интересни факти за филмовите

Дали знаевте зошто сериите уште се нарекуваат „сапуници“ и кој е најгледаниот сериски филм? Интересни факти за филмовите

  • Во оригиналната верзија, чевличката на Пепелашка не била направена од стакло, туку од крзно.
  • Мапет шоуто било забрането во Саудиска Арабија затоа што еден од ликовите бил свиња.
  • Во серијата „Симпсонови“, Хомер, Марџ, Лиса и Маги ги добиле имињата според мајката, таткото и двете сестри на творецот на оваа серија.
  • Душко Долгоушко за првпат се појавил во 1935 година. Тогаш се викал Среќниот Зајак.

Интересни факти за филмовите

  • Дизниленд за првпат бил отворен во 1955 година.
  • Во периодот помеѓу 1931 и 1969 година, Волт Дизни освоил 35 Оскари.
  • Првиот долгометражен цртан филм кој излегол од студиото на Дизни бил „Снежана и седумте џуџиња“ (1937 година).
  • Мики Маус во Италија е познат како Тополино.

Интересни факти за филмовите

  • Бендот „Дјуран Дјуран“ го добил своето име според астронаутот во филмот на Џејн Фонда од 1968 година, „Барбарела“.
  • Песната „Среќен роденден“ била првата песна изведена во вселената од страна на екипажот на Аполо 9, на 8 март 1969 година.
  • Мајката на актерката Мелани Грифит, Типи Хендрен, се прослави играјќи ја главната улога во филмот на Алфред Хичкок, „Птици“.
  • Во филмот на Хичкок, „Психо“, наместо крв бил користен чоколаден сируп. Фамозната сцена со тушот трае 45 секунди, а била снимана 7 дена.
  • Најчестата историска личност портретирана во филмовите е ликот на Наполеон Бонапарта, за кој се снимени 194 филма. По него следуваат Исус Христос со 152 и Абрахам Линколн со 137 филма.
  • Најдолгиот говор за доделувањето на Оскарите траел 5 минути и 30 секунди. Го држел Грир Гарсон за филмот од 1942 „Госпоѓа Минивер“.
  • Првата холивудска актерка која добила 1 милион долари за една слика била Елизабет Тејлор за сликата на Клеопатра.

Интересни факти за филмовите

  • Сериите познати како „сапунски опери“ или „сапуници“ биле наречени така затоа што биле наменети за рекламирање сапун во вид на прашок.
  • Најпопуларната телевизиска серија е „Чувари на плажата“.
  • Првобитно, Кортни Кокс била предвидена да го глуми ликот на Рејчел во серијата „Пријатели“, но откако го прочитала сценариото, таа сама побарала да ја глуми Моника.
  • Освен „Пријатели“, други можни наслови за оваа серија биле „Пријатели како нас“, „Шест како еден“ и „Преку ходникот“.
  • Пред да започне снимањето на „Пријатели“, било предвидено централниот настан да биде љубовта меѓу Џои и Моника.
  • Гантер, келнерот од кафулето Central Perk, немал име сè до средината на втората сезона.
  • Најавната шпица во која актерите танцуваат во фонтаната била снимена во 4 часот наутро.
  • Последната епизода на „Пријатели“ била снимена на 6 мај 2004 година.

Интересни факти за филмовите

  • Првиот филмски бакнеж се случил помеѓу Меј Ирвин и Џон Ројс во 1896 година, во филмот „Вдовицата Џоунс“.
  • Кинг Конг“ е единствениот филм кој добил продолжение истата година (1933), кога првпат се нашол на репертоарот на светските кино-сали. Продолжението на „Кинг Конг“ се вика „Синот на Конг“.
  • Филмот „Убава жена“ е снимен според операта „Травијата“ во која проститутка се вљубува во богат човек.
  • Во филмот „Убиј го Бил“, Ума Турман носи жолт костум ист како оној на Брус Ли во филмот „Игра на смртта“.
  • За потребите на „Убиј го Бил“ биле потрошени 65.000 долари за мечеви.
  • Сценариото на овој филм било пишувано 6 години, пред да биде поделено на два дела.

Интересни факти за филмовите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    se vikaat sapunski serii bidejki prvata takva serija emituvana bila sponzorirana od kompanija za prashoci i detergenti. Citajte poubavo i od poveke izvori

Остави коментар