Дознајте кој подарок го зголемува женското либидо

Дознајте кој подарок го зголемува женското либидо

Верувале или не, едноставниот букет цвеќе не само што го разнежува женското срце туку и го зголемува женското либидо. Ова откритие е резултат на една анкета направена во Франција.

Дознајте кој подарок го зголемува женското либидо

Околу 63% од жените на возраст од 18 до 24 години признале дека откако ќе добијат букет цвеќе како подарок од партнерот, имаат зголемена сексуална желба, а истиот одговор го дале и 50% од жените помлади од 65 години. Во анкетата учествувале 3.406 Французинки.

Резултатите покажале дека 62% од жените кои се во врска со истиот партнер најмалку 3 години, имаат зголемена желба за водење љубов доколку саканиот им подари букет цвеќе. Но, овој „букет ефект“ венее како исушено цвеќе откако врската ќе „наполни“ 10 години. Во тој случај, букетот го зголемувал либидото кај 48% од испитаните жени.

Што се однесува до верноста, 64% од жените одговориле дека таквиот гест нема да ги увери дека партнерот им е верен. Спротивно на тоа, 52% од испитаниците одговориле дека добиеното цвеќе од партнерот ги поттикнува да бидат верни.

Што мислите вие на оваа тема? Се согласувате дека е доволно да подарите букет цвеќе за да ја направите саканата среќна?

Ако не сте расположени за подарување букет цвеќе, прочитајте која храна го подобрува либидото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар