Дознајте дали сте оптимист или песимист: Оваа поема ќе го открие вашиот вистински поглед кон светот

Постојат два погледа кон светот: Позитивен и негативен. Само од нас зависи кој ќе го одбереме. Честопати се вели дека постојат луѓе според кои чашата е полупразна и луѓе кои ја гледаат истата како половина полна. Сѐ зависи од индивидуалната перцепција. Следнава поема ќе морате да ја прочитате два пати. Напишана е во бел стих и откако ќе ја прочитате одгоре надолу, прочитајте ја и оддолу нагоре. Онаа верзија од поемата која ќе ви делува пореалистична и вистинита ќе ја открие вашата вистинска природа. Поемата е напишана од страна на Џонатан Рид и гласи вака:

Дознајте дали сте оптимист или песимист: Оваа поема ќе го открие вашиот вистински поглед кон светот

Изгубената генерација/Постои надеж

Јас сум дел од изгубена генерација

И одбивам да верувам дека

Можам да го променам светот.

Разбирам дека ова можеби ќе ве шокира, но

„Среќата доаѓа однатре“ – о, да!

Лага е тоа најобична.

„Парите ќе те направат среќен“

Па, така по 30 години, ќе му кажам на детето дека

Тоа не е најважното нешто во мојот живот.

Мојот работодавец ќе знае дека

Моите приоритети се јасни бидејќи

Работењето

Е поважно од

Семејството

Слушајте што ви велам:

Уште од минатото

Семејствата се држат заедно

Но сега

Општеството се менува и нема да биде како порано

Експертите велат дека

По 30 години од сега, ќе ја прославувам десетгодишнината од мојот развод.

Не верувам дека

Ќе живеам во земја што сам сум ја створил.

Во иднина,

Уништувањето на околината ќе стане норма.

Нема да може да се каже дека

Јас и моите сограѓани се грижиме за Земјата.

Ќе биде очигледно дека

Мојата генерација е изгубена.

Глупаво е да се верува дека

Постои надеж.

А сега прочитајте ја целата поема во обратен редослед за да добиете сосема нов поглед кон работите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар