20 работи кои мора да прекинете да ги правите во 20-тите години

20 работи кои мора да прекинете да ги правите во 20-тите години

Сите ние при навлегувањето во 20-тите имаме можност да забележиме одредени промени во нашите размислувања и ставови. Некои би рекол дека тоа е неизбежен дел од процесот на созревањето. Но, и покрај сè постојат некои работи кои сè уште ги правиме, можеби затоа што се чувствуваме безбедно позади нив или пак, едноставно зашто ни преминале во навика. Погледнете ја нареднава листа и обидете се да сфатите кои работи е време да ги смените кај себе.

20 работи кои мора да прекинете да ги правите во 20-тите години

1. Прекинете да ги обвинувате другите за начинот на кој комуницираат со вас.

2. Прекинете да бидете мрзливи и постојано да се оправдувате со изразот „зафатен/а сум“.

3. Прекинете да ги одложувате денешните обврски за утре.

4. Прекинете да се извлекувате со завршена работа која е само „доволно добра“.

5. Прекинете да си дозволувате на себеси да бидете постојано опуштени.

6. Прекинете да се идентификувате себеси како „клише“ и почнете да се третирате себеси како индивидуа.

7. Прекинете да очекувате дека луѓето ќе бидат подобри одошто биле во средно – научете како да се справите со нив онакви какви што навистина се.

8. Прекинете да бидете скржави и да мислите само на себе.

9. Прекинете да ги сфаќате обврските како товар.

10. Прекинете да го игнорирате фактот дека другите луѓе имаат уникатни перспективи и позиции.

11. Прекинете претерано да барате одобрување.

12. Прекинете да ги сфаќате истите работи кои секогаш сте ги правеле како единствени можности кои постојат за вас.

13. Прекинете да го отфрлате својот потенцијал.

14. Прекинете да го гледате здравјето на вашето тело како нешто за кое ќе се грижите кога ќе бидете постари.

15. Прекинете да ја пресретнувате лутината со лутина.

16. Прекинете да велите дека ќе правите работи кои знаете дека всушност никогаш нема да ги направите.

17. Прекинете да купувате работи кои знаете дека нема да ги употребите и по некое време само ќе ги фрлите.

18. Прекинете да ги гледате луѓето само како некои кои би можеле некогаш во животот да ви се најдат за нешто.

19. Прекинете да се плашите.

20. Прекинете да се обвинувате себеси зашто сте само човек.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар