Ве мачат песимистички мисли? Ова се можните причини!

Ве мачат песимистички мисли? Ова се можните причини!

Дали во последно време се соочувате со песимистичка визија за вашиот живот? Дали наутро се будите депресивни и тажни без никаква возбуда за новиот ден пред вас? Дали се борите да почувствувате макар и ронка надеж во вашата иднина и сето она што е неизвесно? Не сте сами! Чувството на песимизам е нешто што многумина го чувствуваат во моментот, а еве кои се причините за тоа.

Ве мачат песимистички мисли? Ова се можните причини!

1. Надворешниот свет

Постојано слушате вести за насилство, катастрофи и несреќи во светот. Така, нормално е да се чувствувате песимистички кога сето она што се случува околу вас е толку збунувачко и неизвесно! Сепак, имајте на ум дека не можете да го контролирате она што се случува во светот, но можете да го контролирате вашиот внатрешен свет.

2. Вашите мисли

Вашите мисли понекогаш можат да бидат вашите најголеми непријатели. Така, тие постојано ве бомбардираат со негативна претстава за вас самите. Ви велат дека сте премногу дебели или премногу слаби, недоволно паметни, недоволно успешни, несакани, без пријатели, безнадежни, без никаква цел во животот. Важно е да ги отфрлите навреме овие мисли пред тие да направат штета што само ќе ги влоши работите.

3. Недостиг од грижа за себе

Бидете искрени. Дали вистински се грижите за себе? Дали се дружите со пријателите? Дали се храните здраво и спиете добро? Дали ги правите нештата што ги сакате? Сите овие работи се многу важни за да имате позитивен поглед кон светот околу вас, особено доколку станува збор за нешта кои редовно сте ги правеле во минатото.

4. Немате визија за иднината

Кога се чувствувате лошо тешко е да гледате со надеж во иднината. Кога едноставно, се чувствувате „заглавени“ во минатото, кога не се грижите за себе и не гледате никаков излез, нормално е да бидете безнадежни во поглед на она што допрва треба да дојде. Сепак, кога ќе се најдете во таква ситуација, обидете се да се потсетите на искуствата од минатото. Сигурно постоеле и други моменти кога сè се чинело безнадежно, но, сепак вие сте продолжиле со вашиот живот. Не заборавајте дека животот се состои од подеми и падови и дека секој нов обид по поразот е, всушност, најголемиот успех.

Откако прочитавте за причините поради кои ве мачат песимистички мисли, можеби ќе сакате да прочитате и што треба да знаете ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар