Што треба да знаете ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист?

За вас чашата со вино е секогаш до половина полна, а партнерот е мрачен песимист кој верува дека дегустацијата на вино ѝ штети на животната средина. Но, и покрај вашите разлики, вие се заљубувате еден во друг. Меѓутоа, што ќе се случи кога вашиот оптимизам ќе се соочи со крајот на светот?

Што треба да знаете ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист?

Сосема е возможно оптимист и песимист да имаат убава романса, сè додека и двајцата се подготвени да бидат барем малку флексибилни.

1. Ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист

Како оптимист, уживате да ја гледате светлата страна на животот. Кога доживувате неуспех, вие едноставно не дозволувате тоа да ве обесхрабри. Тоа значи дека во врската вие сте личноста што секогаш има решение за проблемите што може да ве спречат да ги реализирате вашите планови.

Кога се запознавте со партнерот, неговата насмевка направи веднаш да се заљубите во него. Но, сега не се чувствувате способни да ја одржувате вашата светлина затоа што тој постојано се фокусира на мракот и на несреќата. Па, што можете да направите?

Прво и најважно, размислете што може да биде причината за песимистичката ориентираност на партнерот. Дали тој се бори со депресија или постои некој друг здравствен проблем? Дали неговото детство негативно влијаело врз неговиот живот? Дали неговата емпатија го тера да се грижи за секоја ситница?

Откако ќе откриете која е причината за таквата негативност, ќе можете полесно да го разберете партнерот, а тој ќе го цени тоа што вие се трудите да разберете како се чувствува тој.

2. Ако вие сте песимист, а партнерот е оптимист

И песимистите имаат свој поглед на животот, иако нивниот е малку потемен.

Наместо да направите лимонада од лимоните што ви ги нуди животот, вие обично размислувате за најлошото сценарио. Ако вашиот партнер ви каже дека неговиот автомобил не работи, вие мислите дека тоа е изговор и дека партнерот нашол подобра личност.

Но, ако ако бидете во врска со личност што постојано има позитивен став кон животот, тоа може да биде премногу за вас. На крајот на краиштата, вие не сте песимист, вие сте реалист, нели?

Наместо да негодувате зошто вашиот партнер е секогаш расположен, размислете која е причината за тоа. Дали партнерот навистина е личност што ги игнорира сите проблемите и постојано шири оптимизам или целата негова позитивност е само маска?

Ако вашиот партнер има позитивен поглед, но ги прифаќа и туѓите перспективи, тогаш и вие треба да го направите истото.

Но, ако вашиот партнер го користи својот оптимизам за да ги сокрие своите проблеми, треба да седнете и отворено да поразговарате со него. Кажете му на партнерот дека вие секогаш ќе бидете покрај него, дека го поддржувате и дека сакате да му помогнете да ги реши своите проблеми.

Љубовта помеѓу оптимист и песимист може да успее, сè додека двајцата се подготвени да ги прифатат партнерите токму такви какви што се.

Прочитајте кои се 5-те митови за врските и за бракот што ги учите од околината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар