Пет митови за врските и за бракот што ги учите од околината

Пет митови за врските и за бракот што ги учите од околината

Додека растете и созревате, гледајќи во околината стекнувате одредени обрасци во коишто сакате да се вклопите кога ќе бидете возрасни и зрели. Меѓутоа, многу често кога ќе се соочите со личноста што ви значи, сфаќате дека вашите односи не се вклопуваат во тие обрасци, а тоа значи дека квалитетот на врската го одредувате самите вие кога ќе се најдете во ситуација да дознаете што ви одговара во врската, а што не. Погледнете кои работи што сте ги научиле за врските и за бракот се само митови што треба да го оставите зад себе.

Пет митови за врските и за бракот што ги учите од околината

1. Ако ви е судено, ќе функционира

Врските, особено не оние квалитетните, не функционираат сами од себе и не се случуваат туку-така. Дури и да се случат на таков начин, тие нема да траат засекогаш бидејќи многу е важно двајцата партнери да вложуваат и да ја градат врска. Ако сакате љубовта и страста да бидат секогаш разгорени, дајте сè од себе за постепено да му се вовлечете на партнерот под кожа.

2. Незадоволството задржете го за себе, барем на почетокот

Ако уште на почетокот се плашите од тоа како ќе реагира партнерот на вашите барања, тогаш таа врска не е за вас. На партнерот треба да му покажете што ви е важно, кои се вашите очекувања и што можете вие да понудите и да вложите во врската. Колку поотворено ќе ја започнете врската, толку повеќе ќе имате можност да инвестирате во неа и да изградите стабилна и цврста врска во која двете страни ќе бидат задоволни.

3. Тој знае кога е виновен

Тоа е апсолутна заблуда! Иако вие имате очекувања, вашиот партнер навистина не може да ги прочита вашите мисли и да ги предвиди вашите реакции. Имајте на ум дека партнерот знае дека направил нешто што ве вознемирило, но ако не е сигурен што точно направил, суптилно кажете му во што е проблемот за да не ја направи истата грешка повторно.

4. Детето е решение за сите проблеми

Иако детето е неверојатно животно искуство кое ќе ви го смени животот од корен, тоа всушност може само дополнително да го наруши вашиот веќе критичен однос. На тој чекор треба да се одлучите кога врската ќе биде најстабилна, а не кога е потполно нестабилна.

5. Во среќните врски нема место за конфликти

Конфликтот е неизбежен за да се постигне компромис, а квалитетната врска се карактеризира со ефикасен начин на решавање на конфликтот, со конструктивна дискусија, со квалитетни аргументи и со почитување на партнерот и на неговите ставови.

Прочитајте кои се трите најголеми митови за безусловната љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар