Битка со портокали во северна Италија

Автор: Александра Чакаровска

Битката во која главно оружје се портокалите е карневалски фестивал, кој се одржува во северна Италија во градот Ивреа, близу градот Торино. Овој фестивал е најголемиот фестивал на борби со јадења во Италија.Битка со портокали во северна ИталијаСекоја година во февруари, фестивалот е посетен од 100.000 туристи, а битката со портокали се води помеѓу 4.000 учесници. Иако навидум фестивалот изгледа како илјадници луѓе самоволно да се собрале, сепак тој е многу добро организиран и има значајна историска важност. Со сигурност се знае дека карневалот потекнува од 12-иот век. Сепак, за самите почетоци и за тоа како карневалот настанал, многу малку е познато.

Според една легенда, битката што се одржува секоја година ја означува победата на градот против градскиот тиранин, член на фамилијата Раниери. Друга легенда се поврзува со Маркизот Вилијам VII од Монтферат, тогашна област во Италија. Имено, во тоа време господарите имале законско право да им ја одземат невиноста на своите слугинки, токму на денот на нивната венчавка. Кога Маркизот Вилијам се обидел да си го исполни своето право на една од слугинките по име Виолета, таа му се спротивставила и според една од легендите, му ја отсекла главата. Самото население ја поддржало и таа ја запалила палатата, во која бил маркизот.

Поради тоа, во знак на храброста на оваа слугинката, секоја година едно девојче е избрано да ја игра главната улога на Виолета. Самиот фестивал претставува симбол на победата на слободата над тиранијата.Битка со портокали во северна ИталијаУчесници на фестивалот се жителите на градот Ивреа. Битката се води помеѓу „Аранчери“ – учесници кои ги поседуваат портокалите, овошје кое симболично ги претставува старите оружја и камења, и Аранчери качени на кочии, означувајќи ги тираните. Подоцна, во 19-иот век за време на Француската револуција, во фестивалот биле додадени и претставници од Француската војска.Битка со портокали во северна ИталијаУчесниците се поделени на 9 тимови. Фестивалот трае 3 дена, недела, понеделник и вторник, кога се води немилосрдна битка помеѓу тимовите кои фрлаат портокали со целата своја сила. Атмосферата на фестивалот може да се долови од изјавата на еден 21-годишен учесник:

„Застрашувачки е. Поради тоа што носите кацига на главата не можете ништо да видите, а портокалите летаат и наидуваат на вас од сите страни.“

Карневалот завршува ноќта на „Мрсен вторник“, со сериозен погреб. Традиционално, на крајот на тивкиот марш кој го обележува крајот на карневалот, „Генералот“ се поздравува со сите со фразата која ја изрекува на дијалект „arvedse a giobia a ‘n bot“, што во превод значи „ќе се видиме во вторник наредната година во 1 часот“.Битка со портокали во северна ИталијаСамите посетители можат да учествуваат во битката и да бидат дел од тимовите. Доколку носат црвени капи, тие се сметаат како дел од револуционерите, и со тоа се заштитени од илјадниците портокали.Битка со портокали во северна ИталијаНа самиот почеток биле фрлани зрна грав, а потоа јаболки. Подоцна, во 19-иот век, портокалите станале главно оружје во овие битки, означувајќи ја главата на лордот. Традицијата, битката да се води со портокали не е многу јасна, најмногу поради тоа што портокалите не се одгледуваат во Северна Италија и треба да се транспортираат специјално од Сицилија, Јужна Италија. Во 1994 година, околу 265.000 килограми портокали се донесени во градот на фестивалот, најповеќе од оние портокали кои им останале од зимата.Битка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна Италија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар