Овие намирници можат да ви помогнат полесно да се изборите со стресот!

Овие намирници можат да ви помогнат полесно да се изборите со стресот!

Многу работи можат да доведат до стрес, но начинот на кој се грижите за себе кога се чувствувате изнемоштени игра голема улога во тоа како се справувате со него. Покрај јогата, ароматерапијата, медитацијата и топлата бања, постојат одредени хранливи материи кои можат да ви помогнат да го контролирате нивото на стрес. Проверете за кои состојки станува збор во продолжение.

Овие намирници можат да ви помогнат полесно да се изборите со стресот!

Протеини

Кога јадете храна богата со протеини, му помагате на вашето тело да произведува серотонин, кој ви помага да се чувствувате среќни и опуштени. Повеќето луѓе добиваат одредена количина на протеини на дневна основа, но ако сте вегетаријанец или веган, можеби ќе имате потреба од поголема количина протеини. Рибата, пилешкото, говедското месо, гравот, сирењето, јајцата и јаткастите плодови се одличен избор на протеини.

Антиоксиданти

Примарна улога на антиоксидантите е да помогнат во борбата против оштетувањето на клетките како резултат на слободните радикали во вашето тело. Освен тоа тие му помагаат на вашиот имунолошки систем да се бори со разноразни болести почнувајќи од обична настинка до срцеви заболувања и рак. Овошјето и зеленчукот се одлични извори на антиоксиданси, затоа обидете се, на пример,  да додадете боровинки, диња, моркови и киви во вашето дневно мени.

Фолати

Б витаминот или фолната киселина придонесува за зголемување на производството на хормонот допамин кој помага во зајакнувањето на расположението. Кога имате високи нивоа на допамин се чувствувате посмирени и релаксирани. Дополнително, некои истражувања покажале дека консумирањето храна богата со фолати може да помогне и во борбата против депресијата. Лиснатиот зеленчук, како што се кељот и спанаќот изобилуваат со фолна киселина.

Омега-3 масни киселини

Оваа хранлива материја има антиинфламаторни својства кои можат да се борат со хормоните на стрес. Всушност, студиите покажале дека кај луѓето кои редовно внесуваат омега-3 масни киселини се забележува намалување на анксиозноста и стресот за дури 20 проценти. Лососот е главен извор на омега-3 киселини, но тие може да се најдат и во ленено семе, ореви, туна и маслиново масло.

Сложени јаглехидрати

Истражувањата откриле дека диетата со прости јаглехидрати не е здрав избор. На вашето тело му требаат сложени јагленихидрати кои ќе ви помогнат да се зголеми производството на серотонин, а истовремено ќе го контролираат шеќерот во крвта. Добри извори на сложени јаглехидрати вклучуваат овесна каша, кафеав ориз, овошје и зеленчук.

Пробиотици

Пробиотиците може да се најдат во јогуртот и другата ферментирана храна. Според истражувањата, жените кои редовно консумираат пробиотици подобро ги контролираат гастроинтестиналните проблеми кои можат да доведат до стрес. Јогуртот е исто така добар извор на протеини кој може да помогне во борбата против стресот.

Откако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да се изборите со стресот, можеби ќе сакате да прочитате и како кучињата можат да откријат кога сме под стрес.

Извор: allwomenstalk.com

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар