Бајковитите Фарски Острови

Малите Фарски Острови се наоѓаат некаде на пола пат помеѓу Норвешка и Исланд. Тие се мошне интересен архипелаг од островчиња кој ги меѓепсува посетителите со своето беспрекорно зеленило, особено во пролет и лето. Многумина велат дека овие пејзажи ги потсетуваат на оние од филмската трилогоја „Господарот на прстените“, а има и зошто. На островите речиси нема дрвја, туку само бескрајни ливади, нема поголеми реки и езера, а бреговите се карпести и стрмни.

Бајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски Острови

Не се населени сите 18 острови. Само на неколку од нив живеат луѓе, Скандинавци, чиј вкупен број е помал од 50.000. Втори по населеност овде се овците, кои покрај рибарството претставуваат едно од главните занимања на населението.

Бајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски Острови

Туристите не можат да останат рамнодушни на мистичниот амбиент на Фарските Острови. Тие се рај за оние кои сакаат долго да пешачат и да воздивнуваат на она што ги опкружува. Овде дури и маглата делува магично, но таа глетка брзо се менува поради непредвидливата клима. Велат дека ако ве фати дожд додека ги разгледувате прекрасните предели, треба да почекате неколку минути, можеби ќе престане.

Бајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски Острови

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар